Шведскиот министер за миграции и азил Тобијас Билстром
изрази очекување дека Европската комисија во средината на јули ќе поднесе
предлог за визна либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора.
Црногорскиот
премиер Мило Ѓукановиќ не ја исклучи можноста Парламентот да ја преиспита
одлуката за признавањето на Косово, ако Меѓународниот суд ја оцени независноста
за нелегална.
Американскиот
софтверски гигант Oracle објави планови за кратење на 850-1.000 работни места
во Европа со оглед на послабите проекции за раст од очекуваното.
Македонија останува посветена на целите што ги има
поставено заедно со партнерите од НАТО, изјави денеска во Брисел министерот за
надворешни работи Антонио Милошоски кој заедно со министерот за одбрана Зоран
Коњановски ја предводеа македонската делегација на состанокот со
Северноатланскиот совет (НАК).
Четвртиот во низата спотови за туристичко рекламирање на
Македонија деновиве премиерно ќе биде прикажан на Си-Ен-Ен. Автор на
сценариото и на режијата е Милчо Манчевски.
Прометот
на двата пазари на домашниот пазар за хартии од вредност изнесуваше
14.041.973,40 денари, додека индексот МБИ-10 забележа пад од 1,00% а нивото му
се намали на 2.488,12 индексни поени.
Околу 50.000 дози од лекот „тамифлу“ кој помага при
лекување на новиот грип од типот А (H1N1) попладнево пристигна во Скопје,
информираат од Министерството за здравство.
Францускиот
фудбалер Карим Бензема ќе премине во Реал Мадрид од Олимпик Лион, откако двата
клуба постигнаа договор за трансферот, јави француското радио „RMC“.