MRT
  Почетна arrow МКТВ-САТ
четврток, 02 септември 2010
 
 
..:: МРТ ::..
Почетна
Вести
Македонија
Балкан
Свет
Политика
Економија
Стил
Наука и природа
Култура и општество
Спорт
Програма
ТВ
Радио
МКТВ-САТ
МРА-САТ
Во живо - on line
МТВ1 - Програма
Од МРТ
МРТ историјат
Сега
МРА
МТВ
МРД
Каде и да сте, ние сме со Вас! Испечати Е-пошта
Hot Bird 8

 

Од 15 Јули до 15 Август 2010
MKRTVSat
ќе биде на два транспондера на истиот сателит – Hotbird
Антената не треба да се преподесува.

Стариот со параметри:

Transponder: 75

Downlink Frequency: 12207
Polarization: H
Symbol rate: 27500    

Fec: 3/4
Encription: None
Platform: SatLink

Новиот со параметри:

Фреквенција = 10815MHz
Поларизација – Хоризонтална
(ознаката е “ H “ или   X 
Symbol Rate = 27500
FEC = 5/6

Optus B3 on 152.0°E
Frequency: 12425
Polarization: Horizontal (H)
Sr: 22500    Fec: 3/4
Encription: Irdeto 2
Platform: Ubi World TV 

Telstar 10
on 76.5°E
Frequency: 3760
Polarization: Horizontal (H)
Sr: 28066    Fec: 2/3
Encription: MDS
Platform: Ubi World TV 

hotbird_8_at_13
Hot Bird 8 on 13.0°E
optus_b3_na_152
Optus B3 on 152.0°E
telstar_10_na_76
Telstar 10 on 76.5°E

    Колку можат телевизиските програми да одговорат на потребите и на аспирациите на публиката? Следејќи го примерот на Сателитската програма на МТВ, одговорот е - во огромна мера. Па, дури и таа публика да е разместена низ сите меридијани на светот.
    Дигиталната технологија му овозможи на современиот свет неограничени можности во пристапот до информациите, во промоцијата на демократијата и мирот, во можноста да се ужива во културното наследство и во рекреативните содржини.
    Денеска, несомнено, и ние можеме да потврдиме дека сме дел од светските глобални медиумски процеси.
    На 30 април 2000-та, токму на ден Велигден, со огромна симболика во чинот, започна емитувањето на Сателитскиот канал на МТВ.
    На тој начин, единствениот јавен сервис во Македонија, ја доби вистинската улога во заштитата на комуникациските права на индивидуата.
    Преносот на сигналот е доверен на компанијата ТАРБС - австралискиот водечки повеќекултурен радиодифузер со високо развиена сателитска платформа која е гаранција за високиот квалитет.
    Мктв сат е етнички канал наменет за сите македонци кои живеат надвор од матичната земја, но, воедно, тој претставува и наше најрепрезентативно комуникациско средство кое е достапно до најразновидна милионска публика во светот. Сигналот овозможува 24 часовен контакт со Македонија. Всушност, со пренесувањето на сигналот на МТВ на сателит, започна една нова ера во контактот на иселениците со матичната земја: спортските натпревари, информативните емисии, културните и забавните програми, станаа дел од секојдневието на Македонците кои живеат во други дражви, на други континенти. Но, покрај пренесувањето на актуелните настани, МТВ на гледачите им го овозможува задоволството од богатата ризница во архивите на оваа куќа, создавана низ децаниите од многубројните стручни кадри.
    Голем дел од оваа публика е во постојан контакт со Сателитската редакција, каде што гледачите се информираат, но и ги искажуваат своите желби за тоа што би сакале да гледаат на овој канал.
    МТВ вложува огромни напори да ги задоволи програмските потреби на публиката надвор од Македонија и токму во таа насока е и продукцијата на програми наменети за овој канал.
    Мктв сат ја пренесува Македонија во домовите на нашите сонародници 24 часа во денот, 7 дена во неделата, 365 дена во годината.
    Допирот со татковината е целта на Сателитска програма. Со емитувањето на нашиот сигнал, на македонските иселеници им овозможивме директен контакт со матичната земја, така што сите политички, спортски, културни и рекреативни настани ќе бидат дел од нивното секојдневие.
    Во изминатиов период непосредното искуство во програмирањето ни покажа во која насока ќе се одвива програмскиот концепт на овој канал. Го утврдивме прајм тајм периодот на двете временски зони, (за Европа, за Австарлија и за Америка), така што веќе имаме јасна претстава за дефинитивната програмска шема, и за тоа кои содржини се најатрактивни за нашиот аудиториум.
    Како единствен јавен сервис, МТВ е членка на Европската радиодифузна унија и на повеќе други специјализирани и регионални организации и асоцијации, што подразбира и почитување на одредени стандарди и обврски кон сопствената публика.
    Кога ќе ја отворите ризницата на Македонската телевизија, ќе ве обземе дилема во која од 7-те архивски простории да се влезе, што да се избере од 36.000 ленти, грижливо исполнувани со слика и со тон во текот на минатите децении. Во картотеката на МТВ, преку насловите на документарните емисии, се исчитува историјата на овој народ, најзначајното во текот на изминативе децении, нашите кризни мигови, нашиот растеж и осамостојувањето. Низ годините, во МТВ, се профилираа стручни кадри од најразлични професии, а за нејзината продукција се доделувани значајни домашни и меѓународни награди и признанија. Денес, во МРТВ работат стручни кадри, обучени за производство и емитување.
    Несомнено, исто како и другите големи светски емитувачи со традиција, МТВ денес може да се каже „Ние сме историјата!“

 

 

ЕДНА ФРЕКВЕНЦИЈА,ТОЛКУ МНОГУ ЛУЃЕ.
    ЕДЕН СИГНАЛ, ЕДЕН НАРОД.
    НАСЕКАДЕ! МКТВ САТ

 
    КОНТАКТИ:
    e
-mail - mkrtvsat@mt.net.mk
    tel.- ++38923230903
    faks -++ 38923112578

 
Рашири ја веста преку:
KajMak.oT
Delicious
Digg
NewsVine
Reddit
YahooMyWeb
Јазици / Languages
Пребарување
МТВ1
Четврток- 02.09.2010

Објавување на програмата
0
6.45 Добро утро Македонијо!
09.00 Музичка програма – Од самрак до зори со Некс Тајм
09.30
Македонски народни приказни: Старецот што го спаси царството
09.55 Најава на програмата

10.00 Дневник 10
10.20
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.
10.50 Ѕвон – Образовна програма
11.45 Вести од си–ен-ен
11.55 Документарна програма – Успение на Пресвета Богородица
12.25 Образовна програма – Петтиот ангел – Некој нови Скопски отсечки

13.00 Вести
13.20
Музичка програма – Поминав заминав Битола
13.50 Сериски филм – Летни авантури 31. еп.
14.50 Вести од си–ен-ен
15.00
Вести за лица со оштетен слух
15.10 Документарна програма – Петта димензија
15.45 Сериски филм – Тропска горештина 4. еп.

16.50
Временска прогноза
16.55 Дневник 1
17.30
Документарна програма – Фауната на Африка
18.00
Македонски народни приказни: Умот царува
18.31 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.

18.59
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.   
         Кратка најава на програмата

19.25 Временска прогноза

19.30 Дневник 2

         Спорт
20.10
Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
21.00 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел

22.00 Од наш агол - Дебата

23.00 Временска прогноза
23.05 Дневник 3
23.35 Сериски филм – Доушници 43. еп.
00.40 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.
01.05 Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
01.45 Флеш вести
01.55 Класична музика – Џузепе Верди - Риголето
03.55
Од наш агол – Дебата /р
04.55 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел
05.50
Химна на Македонија
        
Извор молитва ново
         Објавување на програмата

05.55 Музичка програма – Фолклорна Класика

 
Избор
Светот на тишината
Јуниорски Евросонг ’08
JumpTV
МRT blog
ecofest
MRT SAT on JumpTV
MRD
Mol provider