| „Аватар“ го надмина „Титаник“ со најголема заработка на сите времиња |
|
|
| среда, 27 јануари 2010 | |
|
Научно-фантастичниот еп на Џејмс Камерон „Аватар“ се искачи на врвот на листата филмови кои донеле најголема заработка, откако го надмина досегашниот рекордер „Титаник“, исто така на режисерот Камерон, соопшти филмската компанија „Твентиет сенчри фокс“. По завршувањето на продажбите за понеделник, „Аватар“ веќе донел заработка од 1,859 милијарди долари, со што го надмина рекордот на „Титаник“ од 1,843 милијарди долари. Приказната за судирот меѓу триметарски високите домородци со сина боја и луѓето кои сакаат да ги поробат за да дојдат до нивните природни ресурси, овој викенд стана најпрофитабилната приказна на сите времиња, и тоа само шест недели откако почна да игра во кината ширум светот. Така, сега е и службено, од неделата „Титаник“ веќе не е филм со најголема заработка на сите времиња, бидејќи налета на санта мраз на која со големи букви пишува „Аватар“. За среќа, „Титаник“ во 1997 година исто така го режираше Џејмс Камерон, па така поштеди некој друг режисер од нервен слом поради губењето на првото место на престижната листа. |
| < Претходно | Следно > |
|---|







