| Вил Смит сака да биде претседател на САД |
|
|
| четврток, 28 јануари 2010 | |
|
Сопругата на познатиот глумец Вил Смит, Џејда Пинкет Смит им ја откри на медиумите желбата на својот маж, дека тој еден ден себеси се гледа како претседател. - Рече дека во иднина се гледа како претседател и беше сериозен, изјави Пинкет. Вил сериозно размислувал филмот да го замени со политика, и посакал еден ден да се види во Белата куќа. -Вил размислува да влезе во политиката. Еднаш рече дека може да се замисли како председател на Америка. И не се шегуваше, напротив, беше многу сериозен, изјави Пинкет Смит за германското списание „Бунте“, и додаде дека не би сакала себе си да се види како прва дама, бидејки тоа не било за нејзе. Иако нејзиниот маж се гледа како наследник на Барак Обама, Џејда не би била среќна во улогата на Прва дама, но секогаш ги следи случувањата во политиката. -Се залагам за промена на образовниот систем и ќе учествувам во каква било кампања за таа цел, изјави Џејда и додаде дека таа и Вил сакаат да остават трага на оваа планета, а тоа се многу посериозни работи од филмот. Џејда Пинкет и Вил Смит се големи филантропи, познати по хуманитарна работа, и ја имаат основано добротворната организација "Smit family Foundation", која им помага на младите луѓе во урбаните средини. |
| < Претходно | Следно > |
|---|







