|
Најдена мртва ќерката на фудбалерот Сибиерски |
|
|
|
четврток, 04 февруари 2010 |
|
Францускиот
фудбалер од полско потекло сеуште не може да закрепне од шокот што го доживеа
во понеделникот кога му беше соопштено дека починала неговата ќерка.
Осумнаесетгодишната
Сибил Сибиерски е најдена мртва во нејзиниот луксузен апартман во Олтринхајм
близу Манчестер. Полицијата насилно влегла во нејзиниот стан во понеделникот
наутро, по дојава на загрижените соседи. Тие изјавиле дека уште во неделата
навечер се загрижиле за нејзиното здравје, гледајќи дека е во многу лоша
здравствена состојба и се тетерави.
„Полицајците насилно влегоа во станот и го најдоа безживотното тело на младата
девојка. Случајот потоа е предаден на судската медицина“, изјавил портпаролот
на надлежната полициска станица за британските медиуми, додавајќи дека сеуште
не постојат индиции за сторено кривично дело.
Потресениот од болка 35-годишен Антоан Сибиерски не можел да даде никаков
коментар.
Тој минатата година ја заврши својата фудбалска кариера во англискиот премиер
лигаш Виган. Играше на позициите напаѓач и во средина на теренот, за англиските
клубови Њукасл и Манчестер сити, за Ленс, Нант, Оксер и Лил во Франција.
|