MRT
  Почетна arrow Култура и општество arrow Премиера на претставата „Суд“ во МНТ
четврток, 02 септември 2010
 
 
..:: МРТ ::..
Почетна
Вести
Македонија
Балкан
Свет
Политика
Економија
Стил
Наука и природа
Култура и општество
Спорт
Програма
ТВ
Радио
МКТВ-САТ
МРА-САТ
Во живо - on line
МТВ1 - Програма
Од МРТ
МРТ историјат
Сега
МРА
МТВ
МРД
Премиера на претставата „Суд“ во МНТ Испечати Е-пошта
петок, 05 февруари 2010
pr_sud
Претставата „Суд“ по истоимениот текст на Коле Чашуле во режија на Љупчо Ѓорѓиевски вечер премиерно ќе биде изведена во Македонскиот народен театар. Во екипата се пет млади актери - Славиша Каевски, Гораст Цветковски, Сашко Коцев, Борче Начев и Оливер Митковски.

Режисерот Ѓорѓиевски на прес-конференција рече дека тој и екипата имале ексклузивно право да се занимаваат „со најжешкиот костен во моментов, кога актуелна тема е лустрацијата и поделбата на предавници и патриоти“.

- Се работи за судски процес со кој се бара убиецот на револуционер.  Бидејќи убиениот е револуционер, значи другиот е предавник, па се отвора темата на предавници и патриоти и тука почнува нашата приказна - трилер. Ние имаме ексклузивно право да отсонуваме еден сон на сцена - се обидуваме да го артикулираме нашето чувство и став за таа горлива тема што не мачи и оптоварува - се обидуваме да ја расплеткаме таа мрежа во која се вплеткуваме постојано барајќи  предавници и патриоти. Се трудиме да се преиспитаме што правиме со себе. Паѓаме се подлабоко во мрежата. Влезен е некој ѓавол во нас и сакаме  да  се судиме без чувство дека и другиот има своја вистина, рече Ѓорѓивески.

Тој напомна дека претставата не се занимава со историска реконструкција на времето на кое се однесува текстот на Чашуле (1903), ниту, пак, со дневната политика. Додаде дека не направил ригорозни интервенции во текстот, приказната е задржана, но временски ја поместил до денес. Ѓорѓиевски нагласи дека сакал да режира дело од Чашуле зашто тој автор, како што рече, е битна одредница во македонската драматургија и во театарската и општествено-политичката мисла.

Сценографијата за претставата ја изработи Валентин Светозарев, а костимите Благој Мицевски. Музиката е на Марјан Нечак.

 
Рашири ја веста преку:
KajMak.oT
Delicious
Digg
NewsVine
Reddit
YahooMyWeb
< Претходно   Следно >
Јазици / Languages
Пребарување
МТВ1
Четврток- 02.09.2010

Објавување на програмата
0
6.45 Добро утро Македонијо!
09.00 Музичка програма – Од самрак до зори со Некс Тајм
09.30
Македонски народни приказни: Старецот што го спаси царството
09.55 Најава на програмата

10.00 Дневник 10
10.20
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.
10.50 Ѕвон – Образовна програма
11.45 Вести од си–ен-ен
11.55 Документарна програма – Успение на Пресвета Богородица
12.25 Образовна програма – Петтиот ангел – Некој нови Скопски отсечки

13.00 Вести
13.20
Музичка програма – Поминав заминав Битола
13.50 Сериски филм – Летни авантури 31. еп.
14.50 Вести од си–ен-ен
15.00
Вести за лица со оштетен слух
15.10 Документарна програма – Петта димензија
15.45 Сериски филм – Тропска горештина 4. еп.

16.50
Временска прогноза
16.55 Дневник 1
17.30
Документарна програма – Фауната на Африка
18.00
Македонски народни приказни: Умот царува
18.31 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.

18.59
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.   
         Кратка најава на програмата

19.25 Временска прогноза

19.30 Дневник 2

         Спорт
20.10
Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
21.00 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел

22.00 Од наш агол - Дебата

23.00 Временска прогноза
23.05 Дневник 3
23.35 Сериски филм – Доушници 43. еп.
00.40 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.
01.05 Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
01.45 Флеш вести
01.55 Класична музика – Џузепе Верди - Риголето
03.55
Од наш агол – Дебата /р
04.55 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел
05.50
Химна на Македонија
        
Извор молитва ново
         Објавување на програмата

05.55 Музичка програма – Фолклорна Класика

 
Избор
Светот на тишината
Јуниорски Евросонг ’08
JumpTV
МRT blog
ecofest
MRT SAT on JumpTV
MRD
Mol provider