| Американската економија излезе од кризата и повторно има раст, изјави претседателот Барак Обама |
|
|
| понеделник, 08 февруари 2010 | |
-Гледаме дека економијата се извлече од кризата и повторно расте, рече претседателот во интервју за телевизијата Си Би Ес. Компаниите повторно почнуваат да примаат луѓе на работа, но тоа не се случува толку брзо, колку што ние сакаме, додаде тој. На пазарот на трудот во САД настапи извесно раздвижување бидејќи невработеноста опадна до 9,7 отсто во јануари од 10-те отсто во декември, во петокот соопшти Министерството за труд. Економијата забележа раст од 5,7 отсто во четвртото тримесечие на 2009 година, а во текот на третото растот беше 2,2 отсто, напоменуваат агенциите. Обама рече дека на 25 февруари ги поканил лидерите на републиканците и на демократите на дебата за здравствената реформа, соопштија американските медиуми. Претседателот сака републиканците своите идеи да ги стават на маса. Тој и демократските лидери во Конгресот бараат начини да го протуркаат законот за здравствената реформа, откако републиканците повторно се во состојба да ги блокираат законските проекти во Сенатот, забележуваат американските медиуми. Според социолошките анкети, Обама и демократите во Конгресот не побарале доволно силна поддршка од републиканците за нивната здравствена реформа. |
| < Претходно | Следно > |
|---|







