|
Автопатот Велес-Скопје се чистеше од снег во обратна насока |
|
|
|
понеделник, 08 февруари 2010 |
Снежните
врнежи проследени со силен ветер утринава предизвикаа проблеми во нормалното одвивање
на сообраќајот.
Една од најкритичните точки беше делницата од автопатот Велес-Скопје.
Екипите
на Јавното претпријатие Македонија пат наидоа на проблеми околу чистењето на
снегот. Поради тоа механизацијата работеше од Петровец до наплатната рампа кај
селото Отовица во спротивна насока со употреба на звучна и светлосна
сигнализација. Освен непријатноста поголем инцидент не е предизвикан.
Снежните врнежи значително го отежнаа одвивањето на сообраќајот по градските
улици во Велес. Освен во централното подрачје Mакедонија пат ги третираше и
улиците кон двете цркви и кон месноста Којник.
Поголемиот дел од селата утрово беа отсечени со тешко проодни патни правци.
Најлоша беше состојбата кон Богомила, Извор и Врановци.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека во текот на денот состојбите
се нормализирале донекаде, но упатуваат на внимателност поради можна појава на
голомразица.
Снежните врнежи не предизвикаа проблем во нормалното снабдување со електрична
енергија и вода до домаќинствата во цела општина Велес.
|