| Изборите во Украина фер и транспарентни |
|
|
| понеделник, 08 февруари 2010 | |
|
Вториот круг претседателски избори во Украина беше чесен, транспарентен и професионален, оцени набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Изборите, според набљудувачите, биле импресивен приказ на демократијата и цврста основа за мирен пренос на власта. Според последните информации опозициониот кандидат Виктор Јанукович, се уште неофицијално, но многу веројатно е новиот претседател на Украина. По преброени 95 проценти од гласовите Јанукович има освоено околу 48 отсто, а премиерката Јулија Тимошенко два проценти помалку. Иако разликата меѓу двајцата кандидати е мала Централната изборна комисија смета дека победникот на изборите веќе не може да се промени, а разликата може само за да зголемува. |
| < Претходно | Следно > |
|---|







