MRT
  Почетна arrow Политика arrow Подобрување на македонско-албанските односи особено во економската сфера
четврток, 02 септември 2010
 
 
..:: МРТ ::..
Почетна
Вести
Македонија
Балкан
Свет
Политика
Економија
Стил
Наука и природа
Култура и општество
Спорт
Програма
ТВ
Радио
МКТВ-САТ
МРА-САТ
Во живо - on line
МТВ1 - Програма
Од МРТ
МРТ историјат
Сега
МРА
МТВ
МРД
Подобрување на македонско-албанските односи особено во економската сфера Испечати Е-пошта
понеделник, 08 февруари 2010
milososki_meta
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Албанија Антонио Милошоски и Илир Мета денеска оценија дека односите меѓу двете соседни земји се добри и оти се работи на нивно натамошно интензиврање и подобрување, особено во економската сфера.

Како што јави известувачот на МИА, клучни се проектите за Коридорот 8, зајакнување на билатералните и трговските односи, како и на соработката во однос на евроинтеграциските процеси.

Во април Македонија ќе ја посети албанскиот претседател Бамир Топи, за кога е планирано и одржување бизнис форум, а потоа во Скопје ќе дојде и премиерот Сали Бериша. Двете влади, како што е најавено, се очекува наскоро да потпишат и спогодба за соработка во контекст на пристапувањето во ЕУ.

- Ќе продолжиме да ја градиме Македонија како модел на мултиетничко и демократско општество, изјави министерот Милошоски. На пописот на населението идната година, граѓаните на Албанија ќе можат да ја истакнат својата национална припадност и вероисповед, што, како што рече тој, ќе биде добра можност Македонците кои живеат во Албанија, како лојални граѓани, да ја изразат својата национална припадност и да станат поинтегриран дел на албанското општество.

Шефот на албанската дипломатија повтори дека Албанија го поддржува влезот на Македонија во НАТО и оти се надева дека ќе се надминат сите пречки за Македонија да стане дел од Алијансата. - Заинтересирани сме за натамошното одвивање на реформите во Македонија, кои го забрзаа нејзиниот евроинтеграциски процес, рече Мета заложувајќи се за целосна имплементација на Охридскиот договор, што според него ќе го забрза и процесот на влез на Македонија во ЕУ.

Запрашан за изучувањето на македонскиот јазик од страна од прво одделение за децата од другите заедници, Милошоски рече дека Македонија е една од земјите со најлиберален образовен систем, каде секоја заедница има можност да се школува на својот мајчин јазик.

- Учењето на македонскиот јазик може да придонесе за концептот на мултиетничка Македонија. Свесни сме дека понекогаш и образовните проекти се под влијание на политички дебати, рече тој посочувајќи дека предизвиците можат да се надминат. - Задоволни сме од конструктивната инволвираност на клучните партии на Алабанците во Македонија во оваа смисла, додаде Милошоски.

Шефот на албанската дипломатија Мета изјави дека Тирана ќе го користи македонско –косовскиот модел за демаркација на морската граница меѓу Албанија и Грција.

За актуелната дебата за проектот „Скопје 2014“ што се води во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање министерот Милошоски одговори дека тоа е проект што има урбани и архитектонски вредности и оти нема етничка позадина. – Минатата година со поддршка на Владата и на општина Центар ја завршивме куќата и Музејот на Мајка Тереза, изјави шефот на дипломатијата потсетувајќи дека во Скопје, исто така, има и споменик на Скендребег.

Претходно двајцата министри потпишаа протоколи за соработка меѓу двете министерства и за соработка меѓу Директоратот за дипломатска едукација при Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатската академија при Министерството за надворешни работи на Република Албанија.

 
Рашири ја веста преку:
KajMak.oT
Delicious
Digg
NewsVine
Reddit
YahooMyWeb
< Претходно   Следно >
Јазици / Languages
Пребарување
МТВ1
Четврток- 02.09.2010

Објавување на програмата
0
6.45 Добро утро Македонијо!
09.00 Музичка програма – Од самрак до зори со Некс Тајм
09.30
Македонски народни приказни: Старецот што го спаси царството
09.55 Најава на програмата

10.00 Дневник 10
10.20
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.
10.50 Ѕвон – Образовна програма
11.45 Вести од си–ен-ен
11.55 Документарна програма – Успение на Пресвета Богородица
12.25 Образовна програма – Петтиот ангел – Некој нови Скопски отсечки

13.00 Вести
13.20
Музичка програма – Поминав заминав Битола
13.50 Сериски филм – Летни авантури 31. еп.
14.50 Вести од си–ен-ен
15.00
Вести за лица со оштетен слух
15.10 Документарна програма – Петта димензија
15.45 Сериски филм – Тропска горештина 4. еп.

16.50
Временска прогноза
16.55 Дневник 1
17.30
Документарна програма – Фауната на Африка
18.00
Македонски народни приказни: Умот царува
18.31 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.

18.59
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.   
         Кратка најава на програмата

19.25 Временска прогноза

19.30 Дневник 2

         Спорт
20.10
Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
21.00 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел

22.00 Од наш агол - Дебата

23.00 Временска прогноза
23.05 Дневник 3
23.35 Сериски филм – Доушници 43. еп.
00.40 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.
01.05 Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
01.45 Флеш вести
01.55 Класична музика – Џузепе Верди - Риголето
03.55
Од наш агол – Дебата /р
04.55 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел
05.50
Химна на Македонија
        
Извор молитва ново
         Објавување на програмата

05.55 Музичка програма – Фолклорна Класика

 
Избор
Светот на тишината
Јуниорски Евросонг ’08
JumpTV
МRT blog
ecofest
MRT SAT on JumpTV
MRD
Mol provider