| Израел ја повика ЕУ да воведе поголеми санкции за Иран |
|
|
| вторник, 09 февруари 2010 | |
|
"Следните неколку месеци се одлучувачки", изјави израелскиот вицепремиер Силван Шалом во интервју на државното радио. "Време е меѓународната заедница да воведе поголеми санкции кон Иран, дури и без согласност на Кина и Русија", категоричен е Шалом, алудирајќи на двете земји членки на Советот за безбедност кои не беа согласни да му се воведат санкции на Иран. Во понеделник руските власти соопштија дека ќе го поддржат воведување на поголеми санкции доколку Иран го зголеми збогатувањето со ураниум за 20 отсто. "Меѓународната заедница треба да реши дали ќе продолжи да прави илузии од т.н соработка со Иран или ќе наложи санкции за неговата нуклеарна програма"-соопшти Шалом. Израелските министри веќе во неколку наврати ја покренаа иницијативата на Иран да му се наведат поголеми санкции поради непочитувањето на договорот за збогатување со ураниум. |
| < Претходно | Следно > |
|---|








