MRT
  Почетна arrow Култура и општество arrow Ретроспективна изложба по повод 150 години од раѓањето на Димитар Андонов Папрадишки
четврток, 02 септември 2010
 
 
..:: МРТ ::..
Почетна
Вести
Македонија
Балкан
Свет
Политика
Економија
Стил
Наука и природа
Култура и општество
Спорт
Програма
ТВ
Радио
МКТВ-САТ
МРА-САТ
Во живо - on line
МТВ1 - Програма
Од МРТ
МРТ историјат
Сега
МРА
МТВ
МРД
Ретроспективна изложба по повод 150 години од раѓањето на Димитар Андонов Папрадишки Испечати Е-пошта
вторник, 09 февруари 2010
150_papradiski
Ретроспективна изложба на Димитрија Андонов Папрадишки, еден од последните зографи и првиот македонски профан сликар, е отворена синоќа во Ликовниот салон во Велес, по повод 150-годишнината од неговото раѓање.

Изложбата е поставена во соработка со Националната галерија на Македонија и Народниот музеј-Велес со финансиска поддршка на Министерството за култура.

На отворањето на изложбата министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека делата кои зад себе ги остави овој плоден иконописец, автор на бројни икони, иконостаси и портрети, кои денес грижливо ги чуваат не само Велес, туку и институциите и приватни сопственици низ Македонија, претставуваат  симболи и синоними за вистинските вредности во македонската култура.

- Надарен со природна интелегенција, со ведар дух и исклучителен сликарски талент, како што го претставил Лазар Личеноски, Папрадишки направи историски пресврт во македонското сликарство и во нашата историја се впиша како уметник кој црковното сликарство во Македонија го етаблираше на друго, повисоко ниво, истакна Канческа-Милевска.

Сето богатство што Папрадишки го остави зад себе, реализирано во неговиот долг и плоден творечки живот, повеќе од 1.200 икони за околу 100-тина цркви во Македонија и Србија, бројни портрети и композиции со национално-историска и битова тематика, посочи Канческа-Милевска, претставуваат трајни остварувања и вистинско културно наследство кое Македонија го споделува со светската културна традиција.

Директорката на Националната галерија на Македонија Маја Крстевска истакна дека оваа изложба е со цел македонската културна јавност многу повеќе  да се запознае го големото дело на овој значаен автор.

Во Ликовниот салон во Велес се претставени 40-тина дела на Димитрија Андонов Папрадишки, масло на платно, главно портрети и икони.

Димитар Андонов Папрадишки е меѓу најзначајните личности во македонското сликарство. Тој кон крајот на 19 век го направи историскиот пресврт во македонското сликарство, поврзувајќи ги последните нишки од религиозното сликарство со првите обиди за профано сликарство.

Роден е 1859 година во велешкото село Папрадиште. Во 1884/5 ја завршува Художествената иконографска школа во Киев. Со неговата појава почнува процесот на бавно запоставување на естетиката на традиционалното византиско и поствизантиско сликарство и „европеизирање“ на црковната уметност во се уште конзервативните црковни средини.

 
Рашири ја веста преку:
KajMak.oT
Delicious
Digg
NewsVine
Reddit
YahooMyWeb
< Претходно   Следно >
Јазици / Languages
Пребарување
МТВ1
Четврток- 02.09.2010

Објавување на програмата
0
6.45 Добро утро Македонијо!
09.00 Музичка програма – Од самрак до зори со Некс Тајм
09.30
Македонски народни приказни: Старецот што го спаси царството
09.55 Најава на програмата

10.00 Дневник 10
10.20
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.
10.50 Ѕвон – Образовна програма
11.45 Вести од си–ен-ен
11.55 Документарна програма – Успение на Пресвета Богородица
12.25 Образовна програма – Петтиот ангел – Некој нови Скопски отсечки

13.00 Вести
13.20
Музичка програма – Поминав заминав Битола
13.50 Сериски филм – Летни авантури 31. еп.
14.50 Вести од си–ен-ен
15.00
Вести за лица со оштетен слух
15.10 Документарна програма – Петта димензија
15.45 Сериски филм – Тропска горештина 4. еп.

16.50
Временска прогноза
16.55 Дневник 1
17.30
Документарна програма – Фауната на Африка
18.00
Македонски народни приказни: Умот царува
18.31 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.

18.59
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.   
         Кратка најава на програмата

19.25 Временска прогноза

19.30 Дневник 2

         Спорт
20.10
Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
21.00 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел

22.00 Од наш агол - Дебата

23.00 Временска прогноза
23.05 Дневник 3
23.35 Сериски филм – Доушници 43. еп.
00.40 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.
01.05 Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
01.45 Флеш вести
01.55 Класична музика – Џузепе Верди - Риголето
03.55
Од наш агол – Дебата /р
04.55 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел
05.50
Химна на Македонија
        
Извор молитва ново
         Објавување на програмата

05.55 Музичка програма – Фолклорна Класика

 
Избор
Светот на тишината
Јуниорски Евросонг ’08
JumpTV
МRT blog
ecofest
MRT SAT on JumpTV
MRD
Mol provider