| Ерменија смета дека е дојден момент за подобрување на билатералните односи со Турција |
|
|
| вторник, 09 февруари 2010 | |
|
- Упатувам поздрави до Вас и народот на соседна Турција, се вели во пораката. Нашата иницијатива за нормализирање на односите меѓу Ерменија и Турција се наоѓа во центарот на вниманието на меѓународната заедница, вели Саркисјан во пораката до Абдула Ѓул. Тој обрна внимание дека за подобрувањето на билатералните односи се непроценливи напорите на државите, кои укажаа посредство во тој процес. Според него, за создавањето на атмосфера на заемна доверба, за искоренување на стереотипите на двата народа во односите едни кон други, главна улога имаат властите на двете земји. - Ние можеме да постигнеме резултат само благодарение на верба во нашето дело, одлучност и принципиелност, истакнал ерменскиот претседател. Кога има противоречност меѓу зборови и дела, тоа раѓа недоверба, отворајќи широко поле за дејствие на сили, објавувајќи се против тој процес, предупредува Саркисјан. - Сега ние успеавме да ги доведеме билатералните контакти до такво ниво, од кое е значајна изградбата на нормални односи меѓу двете наши земји, посочува Саркисјан. Ерменско-турските протоколи за обнова на дипломатските односи и за принципите за заемни односи меѓу двете земји беа потпишани на 12 октомври во Цирих од министрите за надворешни работи на двете земји Едвард Налбандјан и Ахмет Давутоглу во присуство на министрите за надворешни работи на Русија и Франција Сергеј Лавров и Бернар Кушнер и на државниот секретар на САД Хилари Клинтон. За да стапат во сила протоколите, тие треба да бидат ратифицирани од ерменскиот и од турскиот Парламент. Развојот на односите меѓу Анкара и Ереван беше попречуван досега и од длабоки разлики поради ерменскиот геноцид. Според Ерменија за време на Отоманската империја во периодот од 1915-1917 биле убиени 1,5 милиони Ерменци. Турција тврд дека жртвите се меѓу 250.000 и 500.000. Анкара категорични ги отфрла тврдењата за геноцид. |
| < Претходно | Следно > |
|---|








