| Лејди Гага едвај се движеше со огромен цвет на главата |
|
|
| вторник, 02 март 2010 | |
|
Музичката звезда Лејди Гага, по дрвјата и останатите инсталации на својата глава, вчера во Лондон се појави со огромен црн цвет. Бидејќи цветот и паѓал преку очи, пејачката тешко можела да види што се случува околу неа, па побарала помош од својот возач. Тој и помогнал од вратата на зградата да дојде до својот автомобил. Дваесет и три годишната звезда, освен цветот во коса, на себе носела и црна чипка. Некогаш едноставната девојка желна за слава, Лејди Гага денес се трансформира во една од најекцентричните звезди на денешницата. Тоа многу малку го постигна со својата музика, а повеќе со својата бизарна облека и изјавите дека е хермафродит. Лејди Гага е само уште еден доказ дека за светска слава не е потребно ништо друго освен добра реклама. Таа заедно со нејзината колешка Синди Лоупер се појавија во Лондон за да работат на подигнување на свеста за СИДА-та, а неодамна призна дека и самата редовно се тестира за оваа смртоносна болест. |
| < Претходно | Следно > |
|---|







