|
Македонија ја победи Црна Гора со 2:1 |
|
|
|
среда, 03 март 2010 |
|
Македонската
фудбалска репрезентација ја победи репрезентацијата на Црна Гора 2:1 во првиот
од серијата пријателски натпревари пред циклусот квалификации за Европското
првенство во 2012 година.
Ацо
Стојков во 29-та минута ја доведе Македонија во водство а Пандев во 34-та
минута го зголеми водството на 2:0, но веднаш потоа Марко Баша го намали
резултатот на 2:1 во 62-та минута по притисокот на црногорските
фудбалери. Фудбалерот на Рома Вучиниќ по голот имаше шанса од триесетина
метри да погоди за израмнување но Грнчаров одлично го чување нашиот гол.
Селекторот Јонуз го започна натпреварот со Пачовски на голот, Новевски, Попов,
Митревски, Георгиевски, Шумуликовски, Пандев, Наумовски, Деспотовски,
Лазаревски и Стојков но не и Александар Тодоровски кој требаше да го има своето
деби во националниот дрес.
Фудбалерот на РАД го имаше своето деби во средината на второто полувреме кога
влезе на местото на Владе Лазаревски. Јонуз на самиот старт на второто
полувреме ги внесе во игра Седловски, Ибраими Грнчаров и Душан Савиќ.
Во 65-та минута Јонуз од игра го извади Горан Пандев а на негово место младиот
Илими Арменд.
Исто како и влегувањето на Тодоровски во игра и излегувањето на Пандев беше
проследено со големи овации од публиката.
Сепак и покрај притисокот на Црна Гора, македонските фудбалери успеаа да
направат неколку шанси а најзабележителна беше таа на Славчо Георгиевски кој не
успеа да се снајде во шеснаесетникот на Црна Гора.
Георгиевски ја имаше можеби најдобрата шанса во второто полувреме да постигне
гол за убедливо водство на Македонија но црногорскиот голман Божовиќ одбрани.
Пред самиот крај на натпреварот беше досуден и вториот жолт картон на
натпреварот за Делиќ, а судијата досуди слободен удар за Македонија по стартот
над Савиќ.
Попов не успеа да го зголеми резултатот на 3:1 по непрецизниот удар над голот
на Божовиќ. Македонија притисокот на Црна Гора успеа да се соземе и да ја врати
контролата но и поседот на топката до крајот на натпреварот.
|