|
Штрајкот на работниците во Грција ќе ја парализира целата земја |
|
|
|
среда, 10 март 2010 |
Поради
штрајкот кој е организиран од големите грчки синдикати, против острите мерки
кои ги донесе владата, во среда ќе биде отежнат или комплетно оневозможен
авионскиот, железничкиот и градскиот сообраќај во оваа земја, јавија агенциите.
Авионскиот
сообраќај ќе биде во потполно прекинат од среда до четврток по полноќ а ќе
штрајкува и синдикатот на контролорите на летање. Штрајкот е организиран на
повик на Сојузот на синдикатите на грчките работници, кој има еден милион
регистрирани членови.
Грчките авионски компании Olympic Air и Aegean најавија смени во плановите за
летање, а бродовите ќе бидат усидрени. И градскиот сообраќај во повеќето
градови, како Атина и Солун ќе биде потполно прекинат, бидејќи градските автобуси
и трамваите нема да возат.
Одлуката за учество во штрајкот на работниците во метрото ќе биде позната во
текот на денот. Ќе бидат затворени банките, училиштата, а во болниците ќе
дежура само итната медицинска служба. Во штрајкот учествуваат и новинарите, па
весниците и магазините нема да се појават во продажба во петок.
Истовремено во големите градови ќе се одржат протести и големи штрајкови.
Полицијата, пожарникарите и вработените во крајбрежната стража во четврток ќе
протестираат пред главните згради на полицијата во градовите во кои живеат и
работат.
|