| „Ени“ предлага делумно поврзување на гасоводите „Јужен Поток“ и „Набуко“ |
|
|
| среда, 10 март 2010 | |
- Инвестициските банкари би го нарекле ваквиот чекор стратешка можност, истакна Скароли во обраќањето на Eнергетската конференција што се оддржува во американскиот град Хјустон. Според извршниот директор на „Ени“, доколку дојде до соединување на двата гасоводи во еден дел од нивните траси, ќе има намалување на инвестициските и оперативните трошоци, а ќе се зголемат заедничките приходи. Скароли оцени дека двата проекти имаат свои јаки и слаби страни, но дека сепак ќе и овозможат на Европа да ја постигне својата стратешка цел - диверсификација на изворите и транзитните коридори на гасот. Според Скароли, во моментот светот е „заплискан од евтин гас“ што може да се промени во блиска иднина како резултат на економското заздравување кое може да го стимулира поскапувањето на енергенсот. - Природниот гас се сфаќа како мост меѓу горивата кои испуштаат големи количества јаглерод диоксид и алтернативните извори на енергија, потенцира Скароли. Гасоводот „Набуко“ треба да ја поврзе средна Европа со Каспискиот регион, преку Турција и Балканскиот Полуостров, при што би била заобиколена територијата на Русија, додека „Јужен Поток“ ќе превезува руски гас преку дното на Црното Море и Балканот до Австрија и Италија. |
| < Претходно | Следно > |
|---|







