MRT
  Почетна arrow Македонија arrow Македонија треба да е дел од НАТО и ЕУ, билатералните спорови не смеат да бидат пречка
четврток, 02 септември 2010
 
 
..:: МРТ ::..
Почетна
Вести
Македонија
Балкан
Свет
Политика
Економија
Стил
Наука и природа
Култура и општество
Спорт
Програма
ТВ
Радио
МКТВ-САТ
МРА-САТ
Во живо - on line
МТВ1 - Програма
Од МРТ
МРТ историјат
Сега
МРА
МТВ
МРД
Македонија треба да е дел од НАТО и ЕУ, билатералните спорови не смеат да бидат пречка Испечати Е-пошта
среда, 10 март 2010
pavel_gantar_1Македонија целосно ги исполни критериумите за членство во НАТО и што поскоро треба да стане дел од Алијансата, а билатералните прашања не треба да бидат пречка.

Иднината на Македонија е во ЕУ, затоа очекувам дека Унијата ќе одреди разумна временска рамка за започнување на пристапни преговори. Во тој поглед, Македонија и понатаму ќе ужива силна и активна поддршка од Словенија, порача денеска претседателот на Парламентот на Словенија Павел Гантар, обраќајќи се во македонското Собрание.
Според него, Македонија   има изградено стабилен демократски систем, воспоставено пазарна економија, владеење на правото и човековите права и вршите демократска контрола врз вооружените сили, а својата посветеност за членоство во НАТО ја покажува и со фактот што и покрај блокадата што се случи во Букурешт работи на исполнувањето на целите на надворешната политика и на НАТО и на ЕУ, како и преку учеството во мировните мисии.
- Веќе сте дел од операцијата ИСАФ и имате, според бројот на населението, најголем број на војници во Авганистан споредено со која било друга членка на Алијансата. Оттука, јасно ја покажувате вашата посветеност на меѓународниот мир, безбедност и стабилност. Затоа уште повеќе жалиме што вашата интеграцијата во НАТО стои во место. Веруваме дека едно билатерално прашање не треба да претставува пречка за вашето членство во НАТО. Не само затоа што ги исполнивте сите критериуми, туку и затоа што членството во ваква одбранбена алијанса ќе донесе стабилност за регионот, рече Гантар.   
Очигледната можност за членството на Македонија во ЕУ, по направените реформи и визната либерализација, според Гантар, мора да продолжи да биде движечка сила на процесот на реформи, како и важен елемент на  политичката стабилност.
- Минатата година имплементиравте бројни успешни реформи и ги исполнивте бараните критериуми. Неодамнешната визна либерализација е уште еден натамошен поттик за справување со следните предизвици. Очекувам дека ЕУ ќе одреди разумна временска рамка за започнување на пристапни преговори. Во тој поглед, Македонија и понатаму ќе ужива силна и активна поддршка од Словенија, истакна претседателот на словенечкиот Парламент. 
Тој смета дека, меѓудругото, Словенија за време на шестмесечното претседателствување со Советот на ЕУ ја исполнила и целта земјите од Западен Балкан да се најдат повисоко на ЕУ агендата.

- Доколку сакаме да видиме натамошен напредок на земјите од Југоисточна Европа треба да ги поддржиме и да ги вклучиме што е можно повеќе, без оглед на предизвиците со кои се соочуваме во европската економска, политикичка и безбедносна интеграција, со што ќе им понудиме можност и перспективи за развој.  По турбулентните историски искуства овие земји, особено Македонија, конечно заслужуваат благосостојба која ќе им осигури и на граѓаните од овој дел на Европа напредок и квалитетен живот во средина каде што мирот не е загрозен и каде што вредностите за слобода, стабилност, владеење на правото и демократија ќе бидат секојдневие, истакна Гантар. 
Тој, на своите македонски колеги им ги предочи и предизвиците со кои ќе се соочи Парламентот во претпристапниот период, но и по зачленувањето во Европската унија.

 
Рашири ја веста преку:
KajMak.oT
Delicious
Digg
NewsVine
Reddit
YahooMyWeb
< Претходно   Следно >
Јазици / Languages
Пребарување
МТВ1
Четврток- 02.09.2010

Објавување на програмата
0
6.45 Добро утро Македонијо!
09.00 Музичка програма – Од самрак до зори со Некс Тајм
09.30
Македонски народни приказни: Старецот што го спаси царството
09.55 Најава на програмата

10.00 Дневник 10
10.20
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.
10.50 Ѕвон – Образовна програма
11.45 Вести од си–ен-ен
11.55 Документарна програма – Успение на Пресвета Богородица
12.25 Образовна програма – Петтиот ангел – Некој нови Скопски отсечки

13.00 Вести
13.20
Музичка програма – Поминав заминав Битола
13.50 Сериски филм – Летни авантури 31. еп.
14.50 Вести од си–ен-ен
15.00
Вести за лица со оштетен слух
15.10 Документарна програма – Петта димензија
15.45 Сериски филм – Тропска горештина 4. еп.

16.50
Временска прогноза
16.55 Дневник 1
17.30
Документарна програма – Фауната на Африка
18.00
Македонски народни приказни: Умот царува
18.31 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.

18.59
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.   
         Кратка најава на програмата

19.25 Временска прогноза

19.30 Дневник 2

         Спорт
20.10
Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
21.00 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел

22.00 Од наш агол - Дебата

23.00 Временска прогноза
23.05 Дневник 3
23.35 Сериски филм – Доушници 43. еп.
00.40 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.
01.05 Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
01.45 Флеш вести
01.55 Класична музика – Џузепе Верди - Риголето
03.55
Од наш агол – Дебата /р
04.55 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел
05.50
Химна на Македонија
        
Извор молитва ново
         Објавување на програмата

05.55 Музичка програма – Фолклорна Класика

 
Избор
Светот на тишината
Јуниорски Евросонг ’08
JumpTV
МRT blog
ecofest
MRT SAT on JumpTV
MRD
Mol provider