| За прв пат во светот пресадено цело лице |
|
|
| петок, 23 април 2010 | |
Докторите од болницата во Барселона потврдиjа дека ова е прва потполна трансплантација на лицето во светот. Младиот пациент, чиj идентитет не е познат имал деформација на лицето уште од петгодишна возраст и не можел нормално да дише, голта и зборува. Операцијата траела 22 часа и во неа учествувале 30 хирурзи. Пресадени се целосно кожата,мускулите,усните,носот,забите,непцата и долната вилица. Една недела по операцијата пациентот побарал да му дадат огледало да се види. Во наредните недели се очекува да почне да зборува и да јаде, додаваат лекарите. Досегашните 11 операции на пресадување на лице се извршени во Франција,САД, Кина и Шпанија, но тие, како што се наведува, биле само парцијални трансплатации на лицето. |
| < Претходно | Следно > |
|---|







