|
На девојче му пораснале нови бубрези |
|
|
|
среда, 19 мај 2010 |
|
Кога
на Ејнџл Бартон, девојче од Британија, и откажале бубрезите, докторите кои
требало да ја оперираат откриле дека и растат нови.
Бартон страдала од болни бубрежни инфекции од своето
раѓање па се до пет години, кога докторите заклучиле дека мора да оди на итна
операција. Но набргу откриле дека девојчето има четири бубрези, од кои двата
биле ново израснати.
Новите бубрези ја презеле улогата на старите, што значи дека таа била успешно
излечена од откажувањето на бубрезите. Сега, три години подоцна, Ејнџл има осум
години, и е во добра форма, а нејзината фамилија е благодарна на чудото кое и
го променило животот. „Чудото“ се случило бидејќи Ејнџл има ретка состојба позната
под името „дупли бубрези.“
Докторите сметаат дека со последното скенирање пропуштиле да ги забележат
дополнителните бубрези бидејќи тие се наоѓале на старите. „Ова е вистинско
чудо. Апсолутно е воодушевувачки што ниедно од скенирањата не ги забележа
новите бубрези. Среќни сме што ја имаме Ејнџл здрава,“ рекла нејзината мајка,
Клер Бартон.
|