| Доктор Хаус снима блуз албум |
|
|
| вторник, 27 јули 2010 | |
|
Американскиот актер со британско потекло Хју Лори, познат по улогата на доктор Хаус во истоимената серија, во текот на ова лето заедно со неговата „актерска“ група „Бенд фром Ти-Ви“ ќе го сними својот прв студиски блуз албум. Лори веќе подолго време се бави со музика, а членови на неговиот бенд се и глумците Џејмс Дентон од „Очајни домаќинки“ (гитара), Грег Гранберг од „Херои“ (тапани), Џеси Спенсер од „Доктор Хаус“ (виолина) и Боб Гини од „Ерген“ (вокал). Снимањато на албумот на „Бенд фром Ти-Ви“ инспириран од црнечката блуз музика од Њу Ореланс, би требало да заврши до на есен за кога е планирано и овој носач на звук да се најде на пазарот. - Занесен сум од возбуда поради ова. Знам дека глумците што снимаат музика тоа го прават со голем ризик, но ветувам дека никој нема да биде повреден, изјави Лори. Групата „Бенд фром Ти-Ви“ на јавноста првпат и се претстави пред четири години на забавата по 58-то доделување на наградите „Еми“, а веќе следната година го сними својот прв албум „Hoggin' All the Covers“ на која се најдоа песни од разни жанрови. |
| < Претходно | Следно > |
|---|







