MRT
  Почетна arrow Култура и општество arrow Француска музика со Пјер Омаж и Мишел Бурдонкл на „Охридско лето“
четврток, 02 септември 2010
 
 
..:: МРТ ::..
Почетна
Вести
Македонија
Балкан
Свет
Политика
Економија
Стил
Наука и природа
Култура и општество
Спорт
Програма
ТВ
Радио
МКТВ-САТ
МРА-САТ
Во живо - on line
МТВ1 - Програма
Од МРТ
МРТ историјат
Сега
МРА
МТВ
МРД
Француска музика со Пјер Омаж и Мишел Бурдонкл на „Охридско лето“ Испечати Е-пошта
среда, 28 јули 2010
sv_sofija_ohrid_1
На програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва е настапот на францускиот виолинист Пјер Омаж и неговиот сонародник и придружник на пијано Мишел Бурдонкл.

Тие на вечерашниот концерт насловен како „Вечер на француска музика“ во катедралната црква „Света Софија“ ќе свират дела на познати француски автори, композитори како Леке, Масне, Форе и Равел.

Пјер Омаж е роден во Авињон, каде и почнал да учи музика на градскиот Конзерваториум, пред да биде примен во класата на Кристијан Фера, на Високиот конзерваториум за музика во Париз. Тој на конзерваториумот добил бројни први награди по виолина и камерна музика. Исто така работел и со рускиот виолинист Виктор Либерман и добил почесна диплома од Кигиана академијата во Сиена во класата на Хајнрик Шеринг и Франки Гули. Ја започнува својата кариера истата година во Италија на меѓународниот фестивал на Кремона, свирејќи ги соло Сонатите и Партитите на Ј. С. Бах, рамо до рамо со Салваторе Акардо и Шломо Минц. Од тогаш уметничката активност на Пјер Омаж расте низ Европа и САД. Работел со диригенти како: Карло Марија Џулини, Хербет Фон Карајан, Франко Ферара, Сер Џорџ Солти, Рикардо Мути и други. Неговото големо техничко и музичко мајсторство, чистината и топлината на вибратото, комбинирани со неговиот високо-емоционален сензибилитет, ги претвараат неговите настапи во уникатни моменти. Овие квалитети се препознаени и почитувани од публиката и меѓународната критика, која посочува на Пјер Омаж како еден најдобрите француски виолинисти на неговата генерација.

Мишел Бурдонкл е роден во Марсеј во 1960 година. Започнува да учи музика со Жаклин Куртен и Бернар Флавињи во Екс во Прованса. Го продолжува своето образование во класите на Женевјев Жој и Доминик Мерле на Високиот конзерваториум за музика во Париз каде што е добитник на први награди за камерна музика и пијано. Во 1981 продолжува да учи камерна музика во класата на Жан Ибо и работи како пијано придружник на Високиот музички конзерваториум во Париз. Мишел е победник на Меѓународниот натпревар „Асанте“ во 1984 во присуство на Јанис Ксенакис. Во 1986 година, Мишел Бурдонкл добива стипендија од француската Влада да учи на конзерваториумот „Чајковски“ во Москва во класите на Самвил Алумјан и Лев Наумов. Истата година е награден на „Лист“ натпреварот во Утрехт. Мишел Бурдонкл настапувал во Франција, Италија, Швајцарија, Шпанија, Португалија, Германија, Романија, Молдавија, Русија, Полска, САД, Бразил, Кина и Јапонија и со добри француски и странски оркестри. Неговата дискографија е снимена за „Дорон Музика“, „ЕМС Мастер Саунд“, „3Д Класикс“ и „Наксос Марко Поло“. Има направено бројни записи за радио и телевизија, со дела на Бах, Шопен, Лист, Дебиси, Форе, Берг, Месијан, Лутославски, Булез и други.

Поетокот на концертот е во стандардниот вечерен термин од 21 часот.

 
Рашири ја веста преку:
KajMak.oT
Delicious
Digg
NewsVine
Reddit
YahooMyWeb
< Претходно   Следно >
Јазици / Languages
Пребарување
МТВ1
Четврток- 02.09.2010

Објавување на програмата
0
6.45 Добро утро Македонијо!
09.00 Музичка програма – Од самрак до зори со Некс Тајм
09.30
Македонски народни приказни: Старецот што го спаси царството
09.55 Најава на програмата

10.00 Дневник 10
10.20
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.
10.50 Ѕвон – Образовна програма
11.45 Вести од си–ен-ен
11.55 Документарна програма – Успение на Пресвета Богородица
12.25 Образовна програма – Петтиот ангел – Некој нови Скопски отсечки

13.00 Вести
13.20
Музичка програма – Поминав заминав Битола
13.50 Сериски филм – Летни авантури 31. еп.
14.50 Вести од си–ен-ен
15.00
Вести за лица со оштетен слух
15.10 Документарна програма – Петта димензија
15.45 Сериски филм – Тропска горештина 4. еп.

16.50
Временска прогноза
16.55 Дневник 1
17.30
Документарна програма – Фауната на Африка
18.00
Македонски народни приказни: Умот царува
18.31 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.

18.59
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.   
         Кратка најава на програмата

19.25 Временска прогноза

19.30 Дневник 2

         Спорт
20.10
Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
21.00 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел

22.00 Од наш агол - Дебата

23.00 Временска прогноза
23.05 Дневник 3
23.35 Сериски филм – Доушници 43. еп.
00.40 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.
01.05 Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
01.45 Флеш вести
01.55 Класична музика – Џузепе Верди - Риголето
03.55
Од наш агол – Дебата /р
04.55 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел
05.50
Химна на Македонија
        
Извор молитва ново
         Објавување на програмата

05.55 Музичка програма – Фолклорна Класика

 
Избор
Светот на тишината
Јуниорски Евросонг ’08
JumpTV
МRT blog
ecofest
MRT SAT on JumpTV
MRD
Mol provider