| Стечајците повторно на протест |
|
|
| четврток, 29 јули 2010 | |
|
Претседателката нa УНИТ, Лилјана Георгиевска вчера најави дека пратениците од опозицијата на денешната собраниска сесија на која е закажан институтот пратенички прашања, ќе бараат одговори за проблемот на стечајците. Георгиевска изрази надеж дека во Собраниeто ќе се дискутира за нивниот проблем и дека власта ќе даде зелено светло за отпочнување социјален дијалог. „Нема да попуштиме во борбата за остварување на нашите права, затоа што не по наша вина сме избркани од работа“, најави претседателката на УНИТ. Стечајците бараат месечен надомест од околу 6.000 денари до следното пензионирање или вработување за жени над 50 годишна возраст со 15 години работен стаж и за мажи над 53 години. |
| < Претходно | Следно > |
|---|








