|
БиХ ќе испрати дополнителни сили во Авганистан |
|
|
|
четврток, 29 јули 2010 |
Босна
и Херцеговина објави дека испраќа дополнителни сили во Авганистан, каде што
веќе има мал контингент од војници, пренесе Бгнес.
Властите
одлучиле да испратат 45 претставници на вооружените сили кои ќе бидат како дел
од Меѓународните сили за одржување на безбедноста во Авганистан (ИСАФ).
Одлуката треба да биде усвоена од Парламентот . БиХ која се залага за членство
во НАТО, испрати 10 свои војници во Авганистан во 2009 година во Мировната
мисија на Европската унија (ЕУ) која брои околу 2 000 војници.
|