| Саудискиот крал во посета на Сирија |
|
|
| четврток, 29 јули 2010 | |
|
Саудискиот крал Абдула во четврток е во посета на Сирија, пред да замине за Либан, како дел од напорите на Саудиска Арабија да го намали влијанието на Иран во Либан, пренесува Асошиејтед прес. Посетата на Сирија е од особена важност за саудиските интереси во земјите од Левантот (Сирија, Либан, Јордан, Израел), поради потребата да се убеди Дамаск да се откаже од традиционалната улога на фацилитатор на иранската помош за милитантната шиитска организација во Либан, Хезболах. Напорите на Ријад да се намали влијанието на Иран во овој дел на Блискиот исток го поддржуваат и Турција и Египет, па дури и Израел. |
| < Претходно | Следно > |
|---|







