|
Блокирани сме поради нерелевантни причини |
|
|
|
четврток, 29 јули 2010 |
|
Шефот
на македонската дипломатија изјави дека доколку не постоела грчката блокада,
Македонија ќе беше на пат да стане членка на Европската Унија заедно со
Хрватска.
Милошоски , во интервју за бриселскиот неделник „Европски
глас“ (European voice), изразува чувство на фрустрираност од грчката блокада
поради нерелевантни причини.
„Ако Грција не го наметнеше своето билатерално прашање на Македонија, денеска
земјата ќе беше на пат да стане членка (на ЕУ) заедно со Хрватска. Грција знае
дека фактите и правдата се на наша страна во спорот со името“, вели Милошоски.
„Европски глас“ потсетува дека Македонија е земја-кандидат за членство во ЕУ од
2005-та година, но дека отворањето на пристапните преговори е спречено од
Грција.
|