| „Арселор Митал“ во вториот квартал оствари нето профит од 1,7 милијарди долари |
|
|
| четврток, 29 јули 2010 | |
Приходите на компанијата во вториот квартал се зголемени за дури 43 проценти на 21,7 милијарди долари, додека обемот на испораката на челик е зголемен на 22,8 милиони метрички тони, од 21,5 милиони тони во првите три месеци од оваа година. Компанијата потврди дека планира продажба на своето одделение за некородирачки челик. „Арселор Митал“ меѓу останатото е сопственик на дел од поранешна скопска железарница. |
| < Претходно | Следно > |
|---|







