| Во Битола почнува Фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ |
|
|
| четврток, 29 јули 2010 | |
Манифестацијата во градот на конзулите ќе ја отвори потпретседателот на Законодавниот дом, Светлана Јакимовска. Фестивалот е единствена сцена во земјава каде се негува и презентира изворната народна традиција претставена преку народните ора, обичаи, песни, носии и своевиден мост за поврзување на многувековната традиција со денешницата. Во фестивалската програма ќе учесствуваат околу четириесет културно-уметнички друштва, фолклорни групи и ансамбли од сите етно региони во Македонија, групи на Македонци од соседните земји, како и групи на сите националности кои живеат во земјава. |
| < Претходно | Следно > |
|---|







