|
Над 450 куќи изгорени при пожари во Русија |
|
|
|
петок, 30 јули 2010 |
|
Две населени места се целосно изгорени, а три делумно при
шумските пожари што ја погодија Нижгородската област во Русија, пренесува
Бгнес.
Како што соопштува локалната служба за вонредни ситуации, над 450 куќи изгореле
при пожарот. Целосно е изгорено селото Горна Вереја, со 341 куќа, како и селото
Шернавка, кое имало шест куќи. Во останатите три села изгореле вкупно 110 куќи.
Службите од селата евакуираа вкупно 1.662 жители. Огнената стихија се заканува
на уште шест населени места, со околу 12.000 жители.
Во борбата со огнот учествуваат 730 пожарникари и 308 противпожарни возила,
како и противпожарни авиони.
|