|
Најмалку 267 мртви во поплавите во Пакистан |
|
|
|
петок, 30 јули 2010 |
Најмалку
267 лица загинаа во поплавите предизвикани од монсунските дождови во Пакистан,
покажуваат најновите податоци што во петок ги соопштија локалните власти,
пренесува Бета.
Тридневните обилни врнежи предизвикаа лизгање на
земјиштето и поплави што зафатија бројни села. Најмногу е погоден
северозападниот дел на земјата, каде загинаа 245 лица, а стотици останаа
заробени во своите домови.
Пријавено е исчезнувањето на неколку десетина лица, поради што властите
стравуваат дека бројот на жртвите ќе се зголеми.
Спасувачката операција е отежната поради лошите временски услови. Локалните
власти информираат дека се очекува врнежите да продолжат.
Поплавите се честа појава во Пакистан за време на сезоната на монсуни, кога
најмногу страдаат сиромашните жители.
|