| Настап на „Танец“ пред Домот на АРМ во рамки на „Скопско лето“ |
|
|
| петок, 30 јули 2010 | |
Ќе бидат изведени „Посеље“ во кореографија на Јовица Блажески, „Лазаренки“ и „На мегдан“ во кореографија на Симеон Чулев, „Шопска петорка“ на Цветко Мицевски и „Калајџиско“ во кореографија на Атанас Коларовски. Меѓу ората ќе бидат изведени и народни песни со настап на солистката Елена Стевковска, музички обработени од Милан Завков, Сашо Митев, Бошко Тренески и Кочо Петровски. Ансамблот „Танец” шест децении е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво, традиција и уметност на сите континенти. Формиран е во 1949 година со цел да го собира, негува и обработува македонското фолклорно богатство: орото, песната, инструментите, богатите оригинални носии и да го презентира во замјава и надвор од неа преку концерти, фестивали и други манифестации од областа на културата. Во 60-годишното презентирање на фолклорното творештво. Ансамблот настапил на над 3.500 концерти, фестивали и други културни приредби, со над осум милиони посетители. Потврда за неговата успешност се големиот број награди, дипломи, благодарници и признанија добиени по разни поводи. Меѓу нив се и наградите „11 Октомври”, „Климент Охридски” и „13 Ноември”, како и Орденот за заслуги за Македонија. |
| < Претходно | Следно > |
|---|







