| Гувернерот Реџепи осомничен за нови дела |
|
|
| петок, 30 јули 2010 | |
|
Канцеларијата на Специјалното обвинителство на Косово во четврток го прошири обвинението против гувернерот на Централната банка на Косово Хашим Реџепи. Тој, покрај злоупотребата на службената позиција и примање мито, сега се товари и за издавање на дозволи за работа во врска со осигурителните компании во периодот од 2006. до 2008. година. Истражниот судија на Окружниот суд во Приштина на Реџепи му одреди притвор во траење од еден месец. Врховниот суд во среда ја одби жалбата на одлуката за притворот на Реџепи. |
| < Претходно | Следно > |
|---|







