| За нас - Сега |
|
|
Страница 1 од 4 ЗА НАС - СЕГА
МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА
Македонската радио телевизија (МРТ) е јавно претпријатие, чиј основач е Собранието на Република Македонија. Нејзината законски дефинирана дејност се состои во производство и емитување радио и телевизиска програма од сите жанрови кои треба да ги задоволат информативните, културните, образовните и рекреативните потреби на граѓаните на Република Македонија.
Во својот состав Македонската радио телевизија ги има следниве организациони делови: Македонско радио, Македонска телевизија, Ресурси за продукција и Заеднички функции на МРТ. Со новата организациона поставеност востановени се заеднички сектори и редакции, не само поради рационализација на трошоците туку пред се поради создавање интегрирана програма од јавен интерес, започнувајки од секторот Вести, заедничката Архива, редакцијата за Мултикултурна програма, редакција за Мултијазична програма и останати . Работата на Македонското радио започнала на 28. декември 1944 г., тогаш под името Радио Скопје, со пренос од седницата на Второто заседание на АСНОМ (законодавно тело на штотуку формираната Република). Овој датум се одбележува како Ден на МРТ. За официјален почеток на работата на Македонската телевизија (порано Телевизија Скопје) се смета 14. декември 1964 г.
Во 1993 г. Македонската радио телевизија се издвојува од Заедницата на Југословенските радио телевизии.
Македонското радио дневно емитува 86,5 часа програма на своите три програми и на Сателитската програма. На првата програма зрачи непрекината 24-часовна програма. На втората програма- Радио 2 емитува 16-часовна програма од 06 до 22 часот, а потоа продолжува Третата програма од 22 до 02 часот (4 часа програма), а од 02-06 часот програма емитува канал 103.
Македонското радио емитува програми на сите јазици на немнозинските заедници во Република Македонија и тоа: на албански јазик (од 1948 г.)-8,5 часа; на турски јазик (од 1945 г.)-5 часа; на влашки јазик (од 1991г.); на ромски јазик (од 1991г.); на српски јазик (од 2003 г.) и на бошњачки јазик (од 2003г.) по 30 минути на ден, а се емитуваат и емисии на бугарски, грчки и српски јазик во терминот на "Радио Македонија". Македонското радио емитува своја програма и на Интернет. Македонската телевизија дневно емитува 73 часовна програма на своите три канали и на Сателитскиот канал. На Првиот канал емитува непрекината 24-часовна програма. На Вториот канал се емитува програма на немнозинските заедници во Република Македонија. На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и бошњачки јазик. Третиот канал е формиран во 1991 г., тогаш како експериментален канал, а сега е наменет за активностите на Собранието. Сателитскиот канал постои (од 2000 г.) емитува непрекинато 24-часовна програма, што претставува избор од програмите на МРТ, како и оригинална програма во траење од 0,5 часа.
Процесот на работа во МРТ и во одделни организациони делови го организираат и водат: - Генерален директор на МРТ - Заменик генерален директор на МРТ - Директор и главен уредник на Македонското радио - Директор и главен уредник на Македонската телевизија - Директор на ресурси за продукција - Пом. ген. дир. за заеднички функции - Одговорен уредник на вести на МРТ
|
||||||
Сега 









