|
Тројца научница ја добија Нобеловата награда за физика |
|
вторник, 06 октомври 2009 |
|
Чарлс
Као, Вилард Бојл и Џорџ Смит ја добија Нобеловата награда за физика за работата
во областа на оптичките кабли и полупроводниците, соопшти Нобеловиот комитет.
Комитетот соопшти дека тројцата помогнале да се изградат
основите на денешното информатичко општество.
„Тие создадоа многу практични иновации за секојдневниот живот и осигураа нови
средства за научно истражување", соопшти комитетот.
Као е роден в Шангај и има британско и американско државјанство, Бојл е
државјанин на Канада и САД, а Смит е Американец.
Научниците треба да ја поделат наградата од 10 милиони шведски круни (1,4
милиони долари).
|