August 28th, 2008

Средба со Симон0

simon_pred_kimmel_center

simon_-_proba

Светската музичка критика го вброи во најголемите пијанисти на денешницата. Неговиот компакт-диск за „ЕМИ Класикс“ на кое го свири Шопен, угледниот „Дејли Телеграф“ го прогласи за издание на 2007-та година, а новото со дела од Дебиси се најавува за почетокот на 2008-та. Високото реноме го надгради со континуирани настапи на најпрестижните концертни сцени, како солист на водечките светски оркестри. При сè ова, не ја заборави и својата домашна поублика. Македонското радио екслкузивно информираше за успесите на нашата музичка гордост. Таа ексклузивност Ви ја нудиме и низ предновогодишната средба со Симон Трпчески.
Прилог со ексклузивни снимки од настапите со Њујоршката филхармонија под диригентската палка на легендарниот Лорин Мазел и концертниот маратон во Скопје.

ИНТЕРВЈУ НА ЏЕЈМС ПЕЈТОН, ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ХАМИЛТОН, КАНАДА, ЗА МАКЕДОНСКОТО РАДИО - РАДИО СКОПЈЕ0

28 октомври 2007, Охрид

- Господине Пејтон, Вие сте професор по историја на Универзитетот во Хамилтон, Канада, и бевте еден од учесниците на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог во Охрид. Според Вас, какви се резултатите од овој светски  духовен собир?

- Мислам дека беше многу корисен обидот да се зближат луѓето од различни религиозни потекла, да се сретнеме, да разговараме. Дискусиите беа плодни, мислам дека тоа ќе помогне во дијалогот. (повеќе..)

ИНТЕРВЈУ НА БИСКУПОТ ОД ОСЛО НА ЛУТЕРАНСКАТА ЦРКВА И ПРЕТСЕДАВАЧ НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ НА РЕЛИГИОЗНИ ЛИДЕРИ ГУНАР СТАЛСЕТ ЗА МАКЕДОНСКОТО РАДИО - РАДИО СКОПЈЕ0

28 октомври 2007, Охрид
 
- Господине Сталсет, Вие сте бискуп од Осло на Лутеранската црква и претседавач на Европскиот совет на религиозни лидери. Како ја оценувате работата на Охридската конференција и што може таа да придонесе за поголема толеранција и соработка меѓу религиите во светот?
           
- Досега слушнавме важни ставови и говори кои покриваат голем број  теми. Верувам дека ваква конференција и дава важност на улогата на религијата. Без мир меѓу религиите нема ни мир воопшто, а мир меѓу религиите нема без дијалог. (повеќе..)

ИНТЕРВЈУ НА ЕПИСКОП ШАБАЧКИ НА СРПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ГОСПОДИН ЛАВРЕНТИЈЕ ЗА МАКЕДОНСКОТО РАДИО - РАДИО СКОПЈЕ0

28 октомври 2007, Охрид

- Ваша светост, Вие сте епископ Шабачки и претставник на Српската православна црква на Охридската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Како ја оценувате работата на овој значаен собир што беше одржан во Република Македонија?
                 
- Ова е еден голем придонес за религиозното морално просветување на луѓето, бидејќи ја нема таа сила која може позитивно да влијае врз создавањето на карактерот на човекот, врз чувањето на човекот од морална расипаност како што го може тоа религијата и затоа оваа тема е неверојатно благородна - улогата на религијата во воспитувањето на општеството и цивилизацијата. Слични конференции се многу чести на Запад, но фала му на Бога, еве и овде почна да се одржуваат и неверојатно колку е големо интересирањето. Овде сретнав многу луѓе кои ги сретнував на Запад, кои многу добро ги познаваат овие теми и кои со својот придонес многу помогнале овој собир да остави толку убав и длабок впечаток кај сите присутни. Би требало вакви собири да се одржуваат почесто и во разни краишта на нашата земја и на нашето општество. Видов дека овде има учесници од сите краишта на светот и тоа луѓе кои подоцна ќе ги пренесат впечатоците од овој собир во своите цркви и ќе го применат тоа во својот живот и во животот на својата верска заедница.

(повеќе..)

ИНТЕРВЈУ НА ИСАК АСИЕЛ, ГЛАВЕН РАБИН НА ЕВРЕЈСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО СРБИЈА И ВО МАКЕДОНИЈА, ЗА МАКЕДОНСКОТО РАДИО – РАДИО СКОПЈЕ1

28 октомври 2007, Охрид

- Господине Асиел, Вие сте рабин на Еврејската заедница во Србија и во Македонија и бевте еден од учесниците на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што беше одржана во Охрид. Какви се Вашите импресии и, според Вас, каков е придонесот на  оваа конференција за Македонија?

- Ова е еден голем чекор напред. Всушност, би можело да се каже, дури три чекори, а не еден. Значи, Македонија го покажа она што во принцип е, дека тоа е една земја на луѓе кои се отворени, подготвени на дијалог, подготвени да учат, кои се подготвени да запознаат нешто што е непознато и луѓе кои се подготвени да слушаат. Тоа, едноставно, можеше да се види вчера во една сцена кога седевме на маса и работевме Цви Алони од Хрватска, јас и неколку други луѓе и, бидејќи рабинот беше облечен онака традиционално како рабините некогаш во Полска, група келнери замолија да се фотографираат со него. Тие се фотографираа и тоа беше толку спонатно, што покажува дека тоа не е нешто што државата го иницирала, туку нешто за што говоревме, дека народот е таков и тоа е добро да го види светот. Оваа конференција, меѓу другото, сепак, е еден влог за соработка, за соживот, за разбирање и за продлабочување на меѓусебното запознавање и почитување. (повеќе..)

Следна страница »

Изработено со Wordpress.
XHTML | CSS | RSS | Коментари RSS