ИНТЕРВЈУ НА РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА, ЗА МАКЕДОНСКОТО РАДИО - РАДИО СКОПЈЕ0
Свето Стаменов posted in Интервју on Декември 26th, 2006
- Госпоѓо Шеќеринска, поминаа речиси месец и половина откако сте претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, кој се најде во своевидна криза по поразот на последните парламентарни избори. Како Вие ја оценувате моменталната ситуација во Вашата партија и до каде е процесот на консолидација?
- Ниту една партија по загубени избори не може веднаш да продолжи без преиспитување на своето работење. Мислам дека паметните партии, одговорните партии, по изборниот пораз повеќе време и посветуваат на Партијата, на грешките што се направени, на програмата, на луѓето кои ја застапуваат, ја претставуваат партијата, и СДСМ го прави тоа. Меѓутоа, мислам дека по иницијалните крупни проблеми и потреси што му се случија на СДСМ веднаш по изборите, овој последен месец е месец на средување на ситуациите, почеток на работа на нов начин, почеток на работа на ново раководство.
СДСМ во последниот месец е присутен меѓу граѓаните, меѓу своите членови во сите општини низ Република Македонија, а како што можевте и Вие да забележите, многу сме поактивни и многу сме поприсутни во македонското собрание и во македонската јавност.
Значи, нашата желба како партија е да им понудиме алтернатива на граѓаните, да им понудиме аргументи зошто и каде Владата греши и мислам дека го правиме тоа. Овој период, како што Вие велите, на консолидација, не завршува денес. Ќе ни треба уште време. Но, најважно од се е што СДСМ ќе седне и ќе разговара и со своите членови и со граѓаните на Република Македонија за да понуди решенија на најкрупните проблеми. (повеќе..)
Заврши првата фаза од снимањето на играниот филм „Стапица“ сценарио и режија на Алјоша Симјановски. Во продукција на ВС.Петковски, Совет за Радиодифузија и Македонска Радиотелевизија. 
