Ексклузивно: Трпчески со Шопен на Македонското радио0
Тони Цифровски posted in Музика, Интервју, Класика on Февруари 27th, 2007

Деновиве вниманието на светската музичка јавност е привлечено од новиот компакт диск на кое македонскиот виртуоз на пијаното го свири Шопен. Своевидната македонска промоција на ова цеде се случи на нашата програма низ разговорот што со Симон Трпчески го води Тони Цифровски.

„
На 14 овој месец на брановите на јавниот радиодифузен сервис на Војводина, Радио Нови Сад, беше емитувана првата емисија на македонски јазик „Македониум”. Оваа емисија, како што беше најавено, ќе се емитува секоја среда во вечерните часови и нејзина основна цел ќе биде да ги информира припадниците на македонската национална заедница во Република Србија и во Војводина за сите настани што се од нивен интерес.
- Господине Манасијевски, Либерално-демократската партија од неделата има ново раководство, на чие чело сте токму Вие. Тоа е епилогот на последниот партиски конгрес, на кој беше извршена анализа на работата на Партијата меѓу двата највисоки партиски форума и, посебно, на слабите резултати што ги постигна ЛДП на последните избори. Како ги оценувате работата на Конгресот и одлуките што произлегоа од него?