САРКОЗИ ДОБИ РЕАЛНА ОПОЗИЦИЈА0
Свето Стаменов posted in Интервју on Јуни 23rd, 2007
Телефонски разговор со дописникот на „Утрински весник” од Париз Тони Гламчевски
18 јуни 2007, „Слушајте радио”
- Колега Гламчевски, вчера во Франција беше одржан вториот круг од парламентарните избори, со кој конечно беше формиран новиот состав на Француското национално собрание. Па, што кажуваат резултатите и каков, според нив, ќе биде составот на новиот француски парламент?
- Добар ден, колега Стаменов! Најпрвин, поздрав на слушателите на Македонското радио и да кажеме дека од вкупно 577 пратенички места претседателското мнозинство во неделата освои 344, од кои водечката УМП - 317. За победата да биде уште погорчлива за десницата се погрижи вицепремиерот Алан Жипе, кој беше поразен во Бордо, по што тој мораше да се откаже од министерската функција. Иако УМП располага со апсолутно мнозинство, сепак, бројот на пратеничките места е помал во споредба со досегашните 359. (повеќе..)