ИНТЕРВЈУ НА ОЛИВЕР ИВАНОВИЌ, ЕДЕН ОД ЛИДЕРИТЕ НА КОСОВСКИТЕ СРБИ, ЗА МАКЕДОНСКОТО РАДИО - РАДИО СКОПЈЕ0
Свето Стаменов posted in Интервју on Септември 11th, 2007
20 август 2007, „Слушајте радио”
- Господине Ивановиќ, по долги и макотрпни преговори и консултации во меѓународната заедница, како и по двете неуспешни предлог - резолуции во Советот за безбедност за решавање на финалниот статус на Косово, процесот повторно е вратен на преговори меѓу Приштина и Белград, овојпат под покровителство на тнр. тројка за Косово, што ја сочинуваат претставници на Соединетите Американски Држави, Европската унија и Русија. Првата рунда од новите преговори ќе започне на 30-ти овој месец во Виена. Па, што Вие како еден од лидерите на косовските Срби очекувате од овие преговори?
- Па, не многу. Јас мислам дека едноставно ќе направат уште еден обид, но не е можно да се приближат два толку далечни става, политички ставови и опции, што ги нудат нашите претставници во Белград и претставниците на косовските Албанци. Според тоа, мислам дека тоа ќе биде можност да се види која страна всушност инсистира на едно решение, а која страна се обидува да најде некое компромисно решение. Според мене, тоа се уште приближно три месеци да се пополни овој политички вакум кој настана со тоа што неодговорните претставници на косовските Албанци многу лесно ветија независност и сега дојдоа во ситуација едноставно да не можат да го исполнат тоа ветување. Едноставно, ниту сојузниците - Американците не се во можност самите еднострано да решат за тоа. Значи, се пополнува овој вакум, ќе имаме избори на крајот на оваа година и потоа ќе имаме нова влада која ќе разговара за статусот, претпоставувам, многу покомпетентно и многу поконструктивно отколку оваа досегашната. (повеќе..)

- Во Босна и Херцеговина деновиве, по летните одмори, повторно е актуелизирано прашањето за реформа на полицијата. Колега Бајиќ, новиот висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Мирослав Лајчак понуди предлог кој водечките политички партии без многу размислувања го отфрлија. Па, какви се, всушност, позициите на главните политички играчи во оваа земја?