ПРОДУКТИВНА РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА1
Свето Стаменов posted in Интервју on Декември 8th, 2007
Интервју на проф. д-р Димитар Мирчев за Македонското радио - Радио Скопје
28 октомври 2007, Охрид
- Професоре, Охрид, но и Република Македонија деновиве повторно беа домаќини на еден значаен меѓународен собир. Станува збор за Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Вие бевте еден од модераторите на панел-дискусијата „Нема вистински мир меѓу народите без вистински мир меѓу религиите”. Како ја оценувате работата на Охридската конференција и што претставува таа за Република Македонија?
- Мислам дека тоа вистина беше еден многу значаен настан конфесионален, религиски, меѓутоа уште повеќе и политички за нашата држава. Беше многу смислена и разумна одлуката и на државните органи, на Владата, пред се, да даде иницијатива и да помогне во организирањето на таа конференција. На оваа конференција учествуваа и тоа активно исклучително голем број верски лидери од целиот свет, од сите континенти, од повеќе конфесии. Нашата земја и Охрид се афирмираа како место каде што ваков дијалог на верските лидери може да се води и тоа успешно. И трето, мислам дека тоа многу ќе влијае на оформување на една претстава и за Македонија и за регионот како регион каде што контрастите и конфликтите полека спласнуваат и сега преовладува една нова атмосфера на дијалог за стабилност, за мир, за солидарост и толеранција меѓу сегментите - и религиски, и социјални и политички во регионот. Мислам дека тоа се трите основни ефекти и резултати на оваа конференција. (повеќе..)