MRT
  Почетна arrow Македонија
четврток, 02 септември 2010
 
 
..:: МРТ ::..
Почетна
Вести
Македонија
Балкан
Свет
Политика
Економија
Стил
Наука и природа
Култура и општество
Спорт
Програма
ТВ
Радио
МКТВ-САТ
МРА-САТ
Во живо - on line
МТВ1 - Програма
Од МРТ
МРТ историјат
Сега
МРА
МТВ
МРД
Македонија
Во Македонија секогаш се живеело заедно Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

ivanov_debarПретседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов синоќа присутвуваше на ифтарска вечера во Дебар, организрана од дебарското муфтиство.

Повеќе...
 
Ново рочиште на судењето “Мавровски работници“ Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Ново продолжение од судскиот процес Мавровски работници во Основниот суд 1 во Скопје.
Неизвесно е дали рочиштето ќе се одржи. Во 10 часот во судот ќе бидат донесени дел од обвинетите од затворот во Идризово.
Судскиот совет треба да соопшти дали судењето ќе продолжи со распит на странките или ќе се одложи поради екстрадиција на еден од обвинетите.
Досега судскиот процес се одложуваше поради повеќе причини. Прво не беа достапни обвинетите, кога дојдоа во судница адвокатите побараа превод на сите документи на албански јазик.
Неколку рочишта беа презакажани поради екстрадиција или болест на неколку обвинети. Бројот на обвинети се намали затоа што МВР во акција за апсење шверцери ликвидира еден од нив.
На долгата листа обвинети им се суди за воени злосторства односно малтретирање и изживување врз цивилно население за време на воениот конфликт 2001 година. Според обвинението киднапирале работници на ГП Маврово и врз нив се изживувале. Пред да ги пуштат на грбовите со нож им ги изрежале првите букви од имињата.

 
Сончево време со умерена облачност Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена локална облачност.
Температурата во Македонија ќе се движи од 14 до 28 степени целзиусови.
Во Скопје температура до 24 степени.

 
Состојба на патишта за четврток Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата, се одвива нормално без забрани по суви и чисти коловози.
На патниот правец Ресен-Битола преку планинскиот превој Ѓавато сообраќајот сеуште се пренасочува по стариот пат Р-106 (од Ресен кон Битола и обратно) во должина од 5,5 километри.
На возачите им се препорачува внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.
На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од Македонија. Со напомена дека информацијата се однесува само за македонскиот дел од премините.

 
Калкулантско однесување на Црвенковски Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, како причина за неизгласувањето на собранискиот Деловник го наведе, како што рече калкулантското однесување на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Според Милошоски, денешната прес-конференција на СДСМ била најдобар доказ дека пратеничката група на СДСМ не дејствува според свое убедување, туку според расположението на Црвенковски.
„Деловникот наместо пред три или четири месеци, кога беа прифатени сите барања на опозицијата, се уште не е изгласан поради инструкцијата на Црвенковски политичкиот дијалог да биде тема која ќе може да „се продава или користи“ на домашната и на меѓународната сцена, особено во Брисел и во Европската Комисија. Цениме дека ваквото калкулантско однесување не е продуктивно, не е политички зрело и очигледно Црвенковски, со мали трикови сака да изигрува голем политичар“, рече Милошоски.
Ставот на Црвенковски, според кој, тврдењето за пропуштена шанса за интеграција во НАТО и во ЕУ во 1995 година е дело на „ноторен лажго“ или „тотален идиот“, Милошоски го нарече „политичка некултура“.
„Жално е што Црвенковски со таквите изјави навредува човек, пратеник, германски политичар кој 16 години ја има довербата на гласачите да ги претставува во Европскиот Парламент и кој е еден од најистакнатите поддржувачи на Република Македонија и се залага земјата да ги почне преговорите со Европската Унија“, рече Милошоски.
Во однос на евентуални предвремени избори, за што се залага СДСМ, Милошоски рече дека за тоа одлучува Собранието.
Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ следува по денешната прес-конференција на СДСМ, на која беше соопштено дека партијата одлучила да се откаже од барањето формирање на собраниска комисија за контрола на трошењето на народните пари, да поддржи и изгласа било каков Собраниски деловник предложен од страна на владејачката партија и дека ќе присуствуваат на редовните координации кај собранискиот спикер, Трајко Вељаноски.

 
СДСМ се откажа од три барања поврзани со Собранието Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

СДСМ денеска одлучи да се откаже од барањето формирање на собраниска комисија за контрола на трошењето на народните пари, да поддржи и изгласа било каков Собраниски деловник предложен од страна на владејачката партија и дека ќе присуствуваат на редовните координации кај собранискиот спикер, Трајко Вељаноски.
Од СДСМ велат дека со оваа нивна одлука, во контекст на есенскиот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија, се исполнува критериумот за исполнување на политичкиот дијалог. Велат дека не сакаат да бидат алиби за евентуалниот негативен извештај од ЕК.
„За се останато поврзано со извештајот на ЕК, за состојбите во политизираното судство и партизираната администрација, за притисоците во медиумите и во невладиниот сектор, за корупцијата, криминалот и катастрофалната економска ситуација, целокупната одговорност е лоцирана на една адреса – Влада на Република Македонија и одговорното лице Никола Груевски“, изјави Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.
Според Црвенковски, одговорноста за состојбите во сите области целосно и припаѓа на власта.
Тврдењата, според кои, Македонија во деведесеттите години на минатиот век одбила понуда за интеграција во НАТО и во ЕУ под привремената референца, во време кога Црвенковски беше премиер, лидерот на СДСМ ги нарече глупост.
„Секој што тврди дека во 1994, 1995, 1996, 1997 или било која наредна година кога СДСМ бил на власт, ни била дадена понуда за членствово НАТО и преговори со ЕУ под привремената референца, а ние сме одбиле, е ноторен лажго или тотален идиот. Ве молам прецизно да запишете и да пренесете: ноторен лажго или тотален идиот.“, рече Црвенковски.
Истовремено, лидерот на СДСМ ваквото тврдење го нарече пропаганден проект што нема логика и побара да се проверат архивите во Владата, Претседателот на државата и во Министерството за надворешни работи за да се утврди веродостојноста на тврдењето.
Црвенковски најави интензивирање на активностите за смена на власта по одржувањето на ноемврискиот самит во Лисабон. Најави објавување на влада во сенка во моментот кога ќе има познат датум за одржување на парламентарни избори. Според него, целта на СДСМ „не е да ја вразуми, туку да ја симне власта“.

 
Полицијата не пронашла огнено оружје во станот на Ангелeвски Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Полицијата не пронашла огнено оружје ниту во станот, ниту кај синот, Сашо Ангелeвски, кој вчера десет часа ги држеше во заложништво своите родители во семејниот стан на улица „Јосиф Христовски“ во комплексот „Грозд“, соопшти МВР.

На вештачење е предаден само ножот, со кој Ангелeвски неколку часа на терасата на станот се закануваше дека ќе си го одземе животот, како и дека ќе посегне по животот на полицајците.

„По претходно издадена судска наредба, во споменатиот стан е извршен претрес, а на приведените им е направена ,,парафинска ракавица,, заради утврдување на евентуално присуство на барутни честички, а за вештачење е предаден и нож пронајден во станот. СВР Битола по целосното документирање на настанот, материјалот ќе го предаде на ИС од ОС во Битола на натамошно постапување“ соопштуваат од МВР.

Од таму немаат објаснување, од каде соседите слушнале истрели вчера, кога и го пријавиле случајот.  Вчера околу 12:30 часот, соседите од зградата телефонски го пријавија случајот. Тие тврдеа дека слушнале гласно викање, расправии, закани по животот, како и дека слушнале звуци кои биле идентични на истрели од оружје.

Во расчистувањето на заложништвото беа вклучени голем број на специјалци, противпожарни служби, преговарачи и екипи на итната медицинска помош.

„Но откако и тој обид беше неуспешен, а по претходно издадена судска наредба, беа превземени соодветни мерки и активности за влегување во станот и приведување на учесниците во настанот. Притоа беа приведени 69-годишниот Б.А. и неговата сопруга 67-годишната М.А. и двајцата од Битола “ се вели во соопштението на МВР.

Се работи за семејство кое и претходно било проблематично. Според братот на Борче, Мито Ангелeвски, семејството било со нарушено психичко здравје, по тешка сообраќајка што им се случила пред 10 години во САД.

 
СДСМ се откажаа од три клучни барања во Собранието Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

СДСМ одлучи да се откаже од иницијативата за формирање на собраниска комисија за контрола на трошењето на буџетските средства, да присуствуваат на координациите кај претседателот на Собрание Трајко Вељаноски и да поддржат донесување на било каков деловник за работата на Собранието.
Од опозициската партија велат дека се одлучиле на овој потег со цел да не бидат оправдување за евентуално негативен извештај од Европската Комисија (ЕК).
„За се останато поврзано со извештајот на ЕК , за состојбите во политизираното судство и партизираната администрација , за притисоците во медиумите и невладиниот сектор, за корупцијата криминалот и катастрофалната економска состојба, целокупната одговорност е лоцирана на една адреса-Влада на република Македонија и одговорното лице – Никола Груевски, изјави Бранко Црвенковски,  претседател на СДСМ.
Црвенковски кој рече дека со ова е исполнет критериумот за функционален политички дијалог, одговорноста за  состојбата во сите останати области ја префрли на власта (следи поширока верзија ).

 
Град Скопје и „Хепта“ во борба против хепатитис Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Град Скопје и невладината организација „Хепта“ излегоа со нов проект кој треба да ја подигне свеста на населението за опасноста, последиците и превенцијата од разните видови на хепатитис.
Како што соопштија од невладината организација Хепта, според официјалните бројки од Институтот за јавно здравство во Македонија, секоја година во просек има 250 ноовоинфицирани случаи од хепатит Б.

 
Инфлацијата во август изнесувала 1,9 отсто Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Трошоците на живот, што е клучниот показател за движењето на инфлацијата, во август во Македонија бележат пораст од 1,9 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Истовремено цените на мало пораснале за 2,5 отсто во споредба со август 2009 година.

Споредено на месечно ниво, трошоците на живот бележат пораст од 0,1 отсто во однос на јули, а индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто.

Од прехранбените продукти во август е забележан пораст на цените на мастите за , јајцата, преработениот и конзервираниот зеленчук и на месото .

Во август, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај централното греење, средствата за образование и административните услуги.

Намалување на цените на месечно ниво е забележано кај овошјето, зеленчукот  свежото млеко, млечните производи, безалкохолните пијалаци, производите од жито и преработките од месо.

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалoци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во август 2010 година изнесува 11 891 денари и во однос на претходниот месец е на истото ниво.

Токму критериумот по кој што се мери потрошувачката кошничка деновиве наиде на лавина реакции во јавноста.

Многумина сметаат дека содржината на потрошувачката кошничка на статистичарите не содејствува со реалните потреби на едно четиричлено семејство.

Сојузот на синдикатите на Македонија неодамна најави иницијатива за формирање на таканаречена синдикална кошничка, која би давала реална слика за материјално-економските трошоци на едно семејство.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 30 од 4873
Јазици / Languages
Пребарување
МТВ1
Четврток- 02.09.2010

Објавување на програмата
0
6.45 Добро утро Македонијо!
09.00 Музичка програма – Од самрак до зори со Некс Тајм
09.30
Македонски народни приказни: Старецот што го спаси царството
09.55 Најава на програмата

10.00 Дневник 10
10.20
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.
10.50 Ѕвон – Образовна програма
11.45 Вести од си–ен-ен
11.55 Документарна програма – Успение на Пресвета Богородица
12.25 Образовна програма – Петтиот ангел – Некој нови Скопски отсечки

13.00 Вести
13.20
Музичка програма – Поминав заминав Битола
13.50 Сериски филм – Летни авантури 31. еп.
14.50 Вести од си–ен-ен
15.00
Вести за лица со оштетен слух
15.10 Документарна програма – Петта димензија
15.45 Сериски филм – Тропска горештина 4. еп.

16.50
Временска прогноза
16.55 Дневник 1
17.30
Документарна програма – Фауната на Африка
18.00
Македонски народни приказни: Умот царува
18.31 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.

18.59
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.   
         Кратка најава на програмата

19.25 Временска прогноза

19.30 Дневник 2

         Спорт
20.10
Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
21.00 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел

22.00 Од наш агол - Дебата

23.00 Временска прогноза
23.05 Дневник 3
23.35 Сериски филм – Доушници 43. еп.
00.40 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.
01.05 Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
01.45 Флеш вести
01.55 Класична музика – Џузепе Верди - Риголето
03.55
Од наш агол – Дебата /р
04.55 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел
05.50
Химна на Македонија
        
Извор молитва ново
         Објавување на програмата

05.55 Музичка програма – Фолклорна Класика

 
Избор
Светот на тишината
Јуниорски Евросонг ’08
JumpTV
МRT blog
ecofest
MRT SAT on JumpTV
MRD
Mol provider