MRT
  Почетна arrow Балкан
четврток, 02 септември 2010
 
 
..:: МРТ ::..
Почетна
Вести
Македонија
Балкан
Свет
Политика
Економија
Стил
Наука и природа
Култура и општество
Спорт
Програма
ТВ
Радио
МКТВ-САТ
МРА-САТ
Во живо - on line
МТВ1 - Програма
Од МРТ
МРТ историјат
Сега
МРА
МТВ
МРД
Балкан
Досега 13 починати, а 156 заразени од вирусот Западен Нил во Грција Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

west_nile_virusБројот на починатите од вирусот Западен Нил во Грција достигна 13 лица, а потврдени се 156 случаи на заразени од оваа болест. 

Повеќе...
 
Над 10 отсто зголемен бројот на гости во Дубровник Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Најпознатата туристичка дестинација на Јадранот Дубровник, во првите осум месеци од годината го посетиле вкупно 432.552 туристи, што е за десет отсто повеќе во однос на истиот период лани
Притоа бројот на странски туристи изнесувал 401.124 гости, што е дури за 13 отсто повеќе во однос на 2009 година, јави хрватската агенција Хина.

Во наведениот период биле регистрирани 1.661.440 ноќевања, или 13 отсто повеќе во споредба со првите осум месеци од лани.

Само во август, Дубровник го посетиле 121.961 турист, што е за седум отсто повеќе од лани, а биле остварени 516.533 ноќевања, или 11 отсто повеќе од лани.

Според евиденцијата на туристичката заедница на Хрватска, најголем број на гости дошле од Шпанија, Велика Британија, Франција, Италија и Германија.

 
Шпанија ја напишала компромисната резолуција за Косово Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Шпанија ја напишала можната варијанта на компромисната резолуција за Косово, со која би била заменета онаа што Србија веќе ја поднесе во Обединетите нации(ОН).

Ова го дознава весникот „Политика“, повикувајќи се на извори во дипломатските кругови.

„Таа хартија сè уште не станала предмет на официјални разговори, што можеби никогаш и нема да биде и најверојатно има улога на лакмусова хартија“, пишува во текстот што „Политика“ ќе го објави утре.

Весникот понатаму додава дека во Брисел веќе станало збор околу можниот став на Европската унија(ЕУ) за резолуцијата на Белград, нејзините измени или пишувањето на нива резолуција, а овие разговори ќе продолжат во петок.

Неофицијално, за Србија би бил прифатлив договорот што би го постигнале 22 држави членки на ЕУ што ја признаа косовската независност, и петте што не ја признаа независноста.

Српскиот претседател Борис Тадиќ и високата претставничка за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон во вторник во Стразбур би требало да разговараат околу усогласувањето на ставовите меѓу Србија и ЕУ во врска со резолуцијата за Косово.

 
Додик најави бавен и мирољубив пат на РС кон автономија Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Пресудата на Меѓународниот суд на правдата за Косово е правен преседан врз чија основа и Република Српска(РС) може да се отцепи од Босна и Херцеговина(БиХ), што може да се оствари по мирен пат за четири години.

Ова денеска, во интервју за агенцијата Ројтерс, го изјави премиерот на РС Милорад Додик, при тоа додавајќи дека негов приоритет е да оствари поголема автономија во рамки на Дејтонскиот мировен договор. Тој додаде дека доколку тоа не успее, ќе бара независност од БиХ.

„Ако косовските Албанци, според Меѓународниот суд на правдата и најважните светски дипломатски сили, имаат право на отцепување поради етничка омраза и недостаток на единство со Србите, зошто тоа не би го можеле и ние во БиХ?“, запраша Додик.

Меѓународниот суд на правдата во јуни се изјасни околу легалноста на косовската независност, оценувајќи дека со овој чин не е прекршено меѓународното право.

Премиерот на РС очекува босанските Срби да добијат автономија во следните четири години, но додаде дека „ако има потреба за зачувување на мирот, ќе чекаат и десет години“.

Додик, кој се кандидираше за претседател на изборите закажани за 3. октомври, рече дека РС нема да постапува еднострано и дека отцепувањето од БиХ нема да доведе до војна и насилства.

 
Новата железничка компанија ќе стартува во октомври Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Новата заедничка компанија на Србија, Хрватска и Словенија, би требало зжда започне со работа во октомври, најавува Министерството за инфраструктура на Србија, а пишува денеска Бета.

Седиштето на компанијата ќе биде во Словенија, која е членка на Европската Унија. Директорот за теретен сообраќај на словенечката железница Игор Хрибар изјави денеска дека подготовките за основање и за почетокот на работата на заедничката железничка компанија течат според планот.

„Остана само да се завршат процедурите во управните органи“, рече Хрибар за агенцијата Бета.

 
Во Сплит пронајден автомобил украден во Франција Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Автомобил со француски национални ознаки е пронајден вчера во Каштел Штафилич, близу Сплит за кој полицијата истражува како тој завршил во Далмација.

На автомобилот има видливи оштетувања.

Полицајците проверувајќи ги податоците дознале дека за таа „мазда 3“, француската полиција преку Интерпол распишала потрага на 5 август, два дена откако е украдена.

Сплитската полиција направила вештачење и земала траги, по што автомобилот е префрлен во кругот на полициската станица Каштел.

 
За статусот на Косово нема веќе преговори Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Преговори околу статусот на Косово повеќе неможе да има, а иднината на Србија и на Косово е во Европската унија (ЕУ), се вели во соопштението на шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг.

Соопштението на Хејг уследи по неговата вчерашна посета на Белград, каде што со српските власти разговараше за прашањата кои Србија треба да си реши на патот кон ЕУ

Хејг, како што пренесе Бета, ја нагласува важноста на понудата на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Кетрин Ештон да  го олесни дијалогот помеѓу Белград и Приштина, да ја поттикне соработката и напредокот кон ЕУ и да го унапреди животот на граѓаните.

Повикувајќи ја повика Србија да ја прифати понудата, Хејг укажа дека иднината на Србија и на Косово е во ЕУ и го подвлече ставот на Велика Британија дека за статусот на Косово веќе не може да се преговара.

Британскиот министер вчера во Белград оствари средби со српскиот претседател Борис Тадиќ, премиерот Мирко Цветковиќ и шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ.

 
Специјалци се на северот на Косово Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави дека на северот на Косово, според потребите, веќе дејствуваат специјални сили на косовската полиција.

- Специјалните сили на косовската полиција веќе се упатени и натаму ќе бидат упатувани на северот на Косово, изјави Реџепи во Приштина.

Тој рече дека во одредени случаи, кога полицијата била на некоја задача специјалци оделе и до Забин поток, без дозвола на Еулекс.

- Пред повеќе од еден месец кажав дека според потребите специјаците ќе го зајакнуваат своето присуство на север. Тоа и се случи. Познато ви е дека имаше случаи на следење шверцери кои се уапсени дури и во Забин поток, возвечани и друго. Секако дека работиме во координација и ако има простор и со Еулекс, но ако акцијата е во тек и независно од нив, рече Реџепи.

Според неговите зборови специјалци се испраќаат таму за да се зголеми ефикасноста на работата на северот и оти намената на специјалните сили е да дејсвуваат во одреден момент а не се таму стационирани.

 
Татко си ги пронашол четирите деца мртви во фрижидер Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Забавната игра криенка за четири деца во централниот дел на Турција се претворила во трагедија. Нивните тела таткото ги пронашол смрзнати во фрижидер.

Браќата и сестрите од градот Коние, на возраст од шест до 11 години, умреле откако влегле во фрижидер што потоа сам се заклучил - пренесува сараевскиот портал Sarajevo- x.com.

Нивниот татко, во еден момент забележал дека не слуша како си играат децата, па тргнал да ги бара. Ги пронашол во запуштена куќа, сите мртви.

Се претпоставува дека смртта настапила со гушење. Истрагата е во тек, а полицијата ги испрашува роднините дали евентуално станува збор за убиство, бидејќи останува сомнително како децата успеале да го заклучат фрижидерот од внатрешната страна.

 
Романците на последно место во Европа по ниво на образование Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Романија е на дното на европската табела по ниво на образование. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето нарачано од германскиот медиумски концерн „Бертелсман“, пишуваат романските весници.

Авторите на истражувањето, велат дека индексот за образованост го сочинуваат условите за образование во една земја, коишто ја подобруваат економската и општествена благосостојба.

На водечките позиции според нивото на образование се Данска и Шведска, а на средината се Германија и Франција. Заедно со Романија, на последните неколку места се Унгарија, Грција и Бугарија - пренесува Бгнес.

Истражувањето вклучува вкупно 36 индикатори, разделени во четири категории, кои одговараат на четирите показатели за образованост дефинирани од УНЕСКО: образование за знаење - покриено од официјалното образование, образование за извршување на определена дејност - поврзано со усовршувањето на работното место, образование за соживот - поврзано со социјалните активности и образование за организирање на сопствениот живот.

„Најголем проблем во Европа е образованието за знаење, односно системот на образование", посочува Улрих Шуф, претседател на „Бертелсман“. Образованиот човек не се ограничува единствено со акумулирање на сопственото знаење во образовните институции, туку треба да прави комбинација од искуствата стекнати на работното место, во рамки на политичките организации, семејството, како и во слободното време - велат истражувачите.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 10 од 2869
Јазици / Languages
Пребарување
МТВ1
Четврток- 02.09.2010

Објавување на програмата
0
6.45 Добро утро Македонијо!
09.00 Музичка програма – Од самрак до зори со Некс Тајм
09.30
Македонски народни приказни: Старецот што го спаси царството
09.55 Најава на програмата

10.00 Дневник 10
10.20
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.
10.50 Ѕвон – Образовна програма
11.45 Вести од си–ен-ен
11.55 Документарна програма – Успение на Пресвета Богородица
12.25 Образовна програма – Петтиот ангел – Некој нови Скопски отсечки

13.00 Вести
13.20
Музичка програма – Поминав заминав Битола
13.50 Сериски филм – Летни авантури 31. еп.
14.50 Вести од си–ен-ен
15.00
Вести за лица со оштетен слух
15.10 Документарна програма – Петта димензија
15.45 Сериски филм – Тропска горештина 4. еп.

16.50
Временска прогноза
16.55 Дневник 1
17.30
Документарна програма – Фауната на Африка
18.00
Македонски народни приказни: Умот царува
18.31 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.

18.59
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.   
         Кратка најава на програмата

19.25 Временска прогноза

19.30 Дневник 2

         Спорт
20.10
Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
21.00 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел

22.00 Од наш агол - Дебата

23.00 Временска прогноза
23.05 Дневник 3
23.35 Сериски филм – Доушници 43. еп.
00.40 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.
01.05 Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
01.45 Флеш вести
01.55 Класична музика – Џузепе Верди - Риголето
03.55
Од наш агол – Дебата /р
04.55 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел
05.50
Химна на Македонија
        
Извор молитва ново
         Објавување на програмата

05.55 Музичка програма – Фолклорна Класика

 
Избор
Светот на тишината
Јуниорски Евросонг ’08
JumpTV
МRT blog
ecofest
MRT SAT on JumpTV
MRD
Mol provider