MRT
  Почетна arrow Свет
четврток, 02 септември 2010
 
 
..:: МРТ ::..
Почетна
Вести
Македонија
Балкан
Свет
Политика
Економија
Стил
Наука и природа
Култура и општество
Спорт
Програма
ТВ
Радио
МКТВ-САТ
МРА-САТ
Во живо - on line
МТВ1 - Програма
Од МРТ
МРТ историјат
Сега
МРА
МТВ
МРД
Свет
Не треба да се пропушти поволната шанса за мир на Блискиот Исток Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

b_obama_1САД ќе го искористат целиот свој авторитет во поддршка на напорите за постигнување мир на Блискиот Исток, изјави синоќа американскиот претседател Барак Обама, при тоа повикувајќи ги Израел и Палестинците „да не ја пропуштаат поволната шанса, која можеби нема да се појави повторно во скоро време“.

Повеќе...
 
Почеток на израелско-палестинските мировни преговори Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Први директни израелско-палестински преговори започнуваат денеска во американскиот Стејт департмент, во присуство на шефот на американската дипломатија Хилари Клинтон.
Во рамки на преговорите, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе се обидат во рок од една година да постигнат договор за формирање на независна палестинска држава, но и стабилен Израел.
Ставовите на двете страни, како што пренесува Асошиејтед прес, во моментот се дијаметрално спротивни, така што во раната фаза на преговорите не се очекува некаков напредок.
Израелскиот министер за одбрана, Ехуд Барак вчера изјави дека Израел е подготвен да им даде на Палестинците делови од Ерусалим во рамките на мировниот договор. Тој прецизираше дека поделбата на Ерусалим, едно од најчувствителните прашања во дневниот ред на преговорите, го вклучува специјалниот режим за управување на најсветите места во градот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху јавно се противеше на поделбата на Ерусалим, па затоа изјавата на Барак навестува дека Владата на Нетанјаху е подготвена да попушти и дека се размислува за договор за стариот град во Ерусалим каде се наоѓа џамијата Ал Акса, трета по значење во исламот, над Ѕидот на плачот, едно од најсветите места во јудaизмот.
Израел го освои источниот дел од Ерусалим од Јордан во шестдневната војна во 1967 година. Палестинците сакаат источен Ерусалим да биде главен град на нивната држава, која ќе го опфати Западниот брег и појасот Газа.
Визијата која вчера ја обелодени Барак и специјалниот режим над светите места потсетува на дискусијата меѓу поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт и Абас, водена пред скоро две години.

 
Индија сопре неколку услуги на Гугл и Скајп Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Индија сопира неколку услуги на големи комуникациски компании, вклучувајќи ги и Гугл и Скајп, а доби и делумен пристап до информациите на Блекбери.
Министерот за внатрешни работи на Индија објави дека биле испратени известувања до канцелариите на Гугл и Скајп, со кои државата бара од компаниите да ги префрли серверите на територијата на земјата и да им дозволи на индиските служби да го следат протокот на информации.
Овој потег на Индија беше направен од безбедносни причини, бидејќи приливот на информации може да се користи од бунтовници за терористички цели или трговија со порнографски материјали.
Овие активности на владата, сепак, можат да се одразат негативно на пазарот за мобилна технологија.
Покрај тоа, со ограничувањата на Блекбери, Индија дава подобри бизнис услови за конкурентите на канадската компанија Епл и Нокиа.

 
БП потрошил повеќе пари на реклами отколку за помош Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Нафтената компанија Бритиш петролеум(БП) денеска соопшти дека од излевањето на нафтата во Мексиканскиот залив потрошила 93 милиони долари на реклами, а за помош на загрозените сојузни држави дала 89,5 милиони долари.

Претставниците на БП пред Комитетот за енергија и трговија на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, рекле дека парите за реклами се потрошени поради информирање на населението во загрозените региони.

Во периодот од 20. април, кога по експлозија на нафтена платформа на БП во Мексиканскиот залив дојде до неконтролирано излевање на нафта, па до јули оваа година на реклами се потрошени трипати повеќе пари отколку во истиот период лани.

Овие пари биле наменети во главно за реклами на телевизија, како и во весниците и списанијата.

 
Заврши заложничката драма во зградата на Дискавери Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Вооружениот напаѓач што држеше тројца заложници во централата на Дискавери Ченел во Силвер Спринг, Мериленд, денеска беше застрелан од страна на полициски снајпер, по што заложниците беа ослободени.

Шефот на полицијата на Силер Спринг Томас Мангер рече дека застреланиот напаѓач е хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба не му е позната.

Првичните информации беа дека осомничениот напаѓач, идентификуван како Џејмс Ли, држел во заложништво еден човек.

Ли денеска упаднал на првиот кат во зградата на централата на Дискавери ченел, каде што работат околу 1.900 луѓе. За среќа, поголемиот дел од вработените биле евакуирани, така што тој зел во заложништво тројца луѓе.

Според дојава на вработен во Дискавери до полицијата, вооружен човек со пиштол и со експлозивна направа денеска влегол во зградата.

За кратко време полицијата го евакуирала подрачјето и започнала преговори со Ли, во обид да ги спаси заложниците.

Во прилично остриот манифест поставен на интернет, Ли ги лоцира луѓето како главни уништувачи на светот и бара од Дискавери да престане со поттикнувањето на раѓањето на „повеќе паразитски човечки бебиња“.

 
ЕК бара од Франција објаснување за политиката кон Ромите Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Европската комисија(ЕК) очекува од Франција дополнителни објаснувања во врска со политиката кон Ромите.

Ова се наведува во извештајот што комесарката за правосудство Вивијан Рединг денеска го претстави пред извршното тело на Европската унија(ЕУ).

„Комисијата од Франција очекува детални информации“, за да утврди дали враќањето на Ромите во Романија и Бугарија како земји на потекло е во согласност со европското право, се вели во извештајот на Рединг, пренесува агенцијата Франс прес.

Во извештајот се потсетува и на европските правила за слободата на движење и слободата на населување.

 
Откриен идентитетот на напаѓачот во централата на Дискавери Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Човекот што во заложништво држи неколку лица во централата на Дискавери Ченел во Силвер Спринг, Мериленд, е идентификуван како Џејмс Ли, осуден во 2008. година поради дисциплински прекршок.

Како што јавуваат американските медиуми, првичните информации беа дека во заложништво има еден човек, но најновите вести говорат дека можно е во централата на Дискавери во заложништво да има повеќе луѓе.

Шефот на полицијата на Силвер Спринг Томас Мангер рече дека полицијата засега нема потврда дека дошло до некаква престрелка во внатрешноста на зградата. Тој додава дека Ли се наоѓа на првиот кат на зградата, каде што работат околу 1.900 луѓе, но дека поголемиот дел од вработените не се во зградата.

„Веруваме дека со него има мал број заложници“, изјави Мангер.

Осомничениот за држење на заложници во централата на Дискавери Ченел се залага за заштита на природната околина, а во својот манифест побарал решенија за спречување на уништувањето на планетата.

 
Заложничка драма во централата на Дискавери Ченел Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Вооружен човек држи неколку луѓе во заложништво во централата на Дискавери Ченел во Силвер Спринг, Мериленд, соопшти денеска американската полиција, пренесува Си-ен-ен.

Според информации од спасувачките екипи, напаѓачот, за кој се претпоставува дека има експлозив, бара да разговара со извршниот директор на Дискавери.

Околината на зградата е евакуирана, а вработен во Дискавери тврди дека во заложништво се најмалку две лица.

Дискавери комуникејшн имаат над 1,5 милијарди претплатници во 180 земји, преку мрежите како Дискавери Ченел, Енимал планет и Сајенс Ченел.

 
Џиновска фотографија на осудената Иранка во Рим Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Огромен портрет на Иранката Сакинех Мохамади Астијани, обвинета за прељуба и убиство и на која и се заканува смртна казна со каменување, беше закачен денеска на фасадата на едно италијанско министерство во Рим.

„Тоа е акција без преседан наменета да се сврти вниманието за да се спаси Сакинех од неприфатливата и брутална казна со каменување“, изјавија шефот на италијанската дипломатија Франко Фратини и министерката за еднаквост на половите Мара Карфања, пренесува агенцијата Франс Прес.

Фотографијата беше закачена на зградата на Министерството за еднаквост меѓу половите, спроти италијанската Влада.

Иранските власти минатата недела повторија дека ја суспендирале смртната казна со каменување на Иранката, во очекување на конечната пресуда.

Сакинех Мохамади Астијани е осудена на смрт со каменување поради прељуба и наводно организирање на убиството на нејзиниот сопруг во 2006. година. Изречената казна предизвика големо внимание ширум светот.

Иранските власти на почетокот на јули соопштија дека правосудството го суспендирало извршувањето на смртната казна и дека повторно го разгледува случајот.

 
Контроверзна истрага околу основачот на WikiLeaks Испечати Е-пошта
четврток, 02 септември 2010

Случајот околу основачот на интернет страната WikiLeaks Џулијан Асанџ и истрагата против него поради силување во Шведска станува се побизарен.

Една недела откако главната обвинителка ги отфрли обвинувањата, нејзината надредена одлучи повторно да отвори истрага, што е вторпат шведските обвинители да се негираат еден со друг.

Асанџ уште претходно ги негираше тврдењата за силување на Швеѓанката што го пријави во полиција и тврди дека станува збор за валкана кампања против него поради објавувањето на илјадници документи за американската улога во војната во Авганистан.

Минатата недела Ева Фин, главниот обвинител во Стокхолм, ги отфрли обвинувањата за силување. Адвокатите на наводната жртва поднеле жалба, па Маријана Ну, директор на Државната канцеларија на јавното обвинителство, реши повторно да го отвори случајот поради нови сознанија, јавува Асошиејтед прес(АП).

Ну за АП рекла дека се решила за повторно отворање на истрагата по разгледувањето на комплетната документација, без да прецизира за какви документи станува збор и дали Асанџ, австралиски државјанин, ќе биде уапсен.

Таа додала дека не е невообичаено вакви работи да се случуваат во Шведска, посебно кај сериозните случаи. Истовремено, Ну рекла дека решила да покрене уште една истрага против основачот на WikiLeaks поради „сексуална присила и злоставување“.

Истражителите сè уште не објавиле детали за случаите во кои Асанџ е осомничен, иако полициските извештаи до кои дошол АП покажуваат дека двете жени се жалат на сексуални напади за време на семинарот што Асанџ го одржал во Стокхолм на 14. август.

WikiLeaks стана популарна интернет страница кон крајот на јуни, кога објави илјадници страници тајни американски документи за војната во Авганистан.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 10 од 4239
Јазици / Languages
Пребарување
МТВ1
Четврток- 02.09.2010

Објавување на програмата
0
6.45 Добро утро Македонијо!
09.00 Музичка програма – Од самрак до зори со Некс Тајм
09.30
Македонски народни приказни: Старецот што го спаси царството
09.55 Најава на програмата

10.00 Дневник 10
10.20
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.
10.50 Ѕвон – Образовна програма
11.45 Вести од си–ен-ен
11.55 Документарна програма – Успение на Пресвета Богородица
12.25 Образовна програма – Петтиот ангел – Некој нови Скопски отсечки

13.00 Вести
13.20
Музичка програма – Поминав заминав Битола
13.50 Сериски филм – Летни авантури 31. еп.
14.50 Вести од си–ен-ен
15.00
Вести за лица со оштетен слух
15.10 Документарна програма – Петта димензија
15.45 Сериски филм – Тропска горештина 4. еп.

16.50
Временска прогноза
16.55 Дневник 1
17.30
Документарна програма – Фауната на Африка
18.00
Македонски народни приказни: Умот царува
18.31 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 13. еп.

18.59
Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.   
         Кратка најава на програмата

19.25 Временска прогноза

19.30 Дневник 2

         Спорт
20.10
Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
21.00 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел

22.00 Од наш агол - Дебата

23.00 Временска прогноза
23.05 Дневник 3
23.35 Сериски филм – Доушници 43. еп.
00.40 Сериски филм – Јас сум твојата судбина 14. еп.
01.05 Сериски филм – Тајните на вулканот 1. еп.
01.45 Флеш вести
01.55 Класична музика – Џузепе Верди - Риголето
03.55
Од наш агол – Дебата /р
04.55 Документарна програма – Долго патување на Насите, 1 дел
05.50
Химна на Македонија
        
Извор молитва ново
         Објавување на програмата

05.55 Музичка програма – Фолклорна Класика

 
Избор
Светот на тишината
Јуниорски Евросонг ’08
JumpTV
МRT blog
ecofest
MRT SAT on JumpTV
MRD
Mol provider