| Каде и да сте, ние сме со Вас! |
|
|
|
Hot Bird 8 on 13.0°E ![]() Hot Bird 8 on 13.0°E ![]() Optus B3 on 152.0°E ![]() Telstar 10 on 76.5°E Колку можат телевизиските програми да одговорат на потребите и на аспирациите на публиката? Следејќи го примерот на Сателитската програма на МТВ, одговорот е - во огромна мера. Па, дури и таа публика да е разместена низ сите меридијани на светот. Дигиталната технологија му овозможи на современиот свет неограничени можности во пристапот до информациите, во промоцијата на демократијата и мирот, во можноста да се ужива во културното наследство и во рекреативните содржини. Денеска, несомнено, и ние можеме да потврдиме дека сме дел од светските глобални медиумски процеси. На 30 април 2000-та, токму на ден Велигден, со огромна симболика во чинот, започна емитувањето на Сателитскиот канал на МТВ. На тој начин, единствениот јавен сервис во Македонија, ја доби вистинската улога во заштитата на комуникациските права на индивидуата. Преносот на сигналот е доверен на компанијата ТАРБС - австралискиот водечки повеќекултурен радиодифузер со високо развиена сателитска платформа која е гаранција за високиот квалитет. Мктв сат е етнички канал наменет за сите македонци кои живеат надвор од матичната земја, но, воедно, тој претставува и наше најрепрезентативно комуникациско средство кое е достапно до најразновидна милионска публика во светот. Сигналот овозможува 24 часовен контакт со Македонија. Всушност, со пренесувањето на сигналот на МТВ на сателит, започна една нова ера во контактот на иселениците со матичната земја: спортските натпревари, информативните емисии, културните и забавните програми, станаа дел од секојдневието на Македонците кои живеат во други дражви, на други континенти. Но, покрај пренесувањето на актуелните настани, МТВ на гледачите им го овозможува задоволството од богатата ризница во архивите на оваа куќа, создавана низ децаниите од многубројните стручни кадри. Голем дел од оваа публика е во постојан контакт со Сателитската редакција, каде што гледачите се информираат, но и ги искажуваат своите желби за тоа што би сакале да гледаат на овој канал. МТВ вложува огромни напори да ги задоволи програмските потреби на публиката надвор од Македонија и токму во таа насока е и продукцијата на програми наменети за овој канал. Мктв сат ја пренесува Македонија во домовите на нашите сонародници 24 часа во денот, 7 дена во неделата, 365 дена во годината. Допирот со татковината е целта на Сателитска програма. Со емитувањето на нашиот сигнал, на македонските иселеници им овозможивме директен контакт со матичната земја, така што сите политички, спортски, културни и рекреативни настани ќе бидат дел од нивното секојдневие. Во изминатиов период непосредното искуство во програмирањето ни покажа во која насока ќе се одвива програмскиот концепт на овој канал. Го утврдивме прајм тајм периодот на двете временски зони, (за Европа, за Австарлија и за Америка), така што веќе имаме јасна претстава за дефинитивната програмска шема, и за тоа кои содржини се најатрактивни за нашиот аудиториум. Како единствен јавен сервис, МТВ е членка на Европската радиодифузна унија и на повеќе други специјализирани и регионални организации и асоцијации, што подразбира и почитување на одредени стандарди и обврски кон сопствената публика. Кога ќе ја отворите ризницата на Македонската телевизија, ќе ве обземе дилема во која од 7-те архивски простории да се влезе, што да се избере од 36.000 ленти, грижливо исполнувани со слика и со тон во текот на минатите децении. Во картотеката на МТВ, преку насловите на документарните емисии, се исчитува историјата на овој народ, најзначајното во текот на изминативе децении, нашите кризни мигови, нашиот растеж и осамостојувањето. Низ годините, во МТВ, се профилираа стручни кадри од најразлични професии, а за нејзината продукција се доделувани значајни домашни и меѓународни награди и признанија. Денес, во МРТВ работат стручни кадри, обучени за производство и емитување. Несомнено, исто како и другите големи светски емитувачи со традиција, МТВ денес може да се каже „Ние сме историјата!“
ЕДНА ФРЕКВЕНЦИЈА,ТОЛКУ МНОГУ
ЛУЃЕ.
|
МКТВ-САТ 










