Кошарка

Блог вести

  • Кошарка 28.04.2015 21:45

    МЗТ и Работнички очекувано, Кожув остана во трка за полуфинале

    А на кошаркарските терени во забрзан ритам се одработува пропуштеното во Суперлигата. Во четвртото коло куриозитет се  двата идентични резултата на скопските натпревари. МЗТ го совлада тимот на Соколи со 91-84 и остана осамен на првото место на табелата.

  • Кошарка 28.04.2015 13:24

    Бруклин “егал“ со Атланта, Милвоки и Портланд на се предаваат

    Кошаркарите на Бруклин по вторпат ја совладаа Атланта со 120 : 115 и израмнија во серијата на 2 : 2. Домашните победија дури по продолжението од 5 минути, благодарение на Дерон Вилијамс кој постигна 25 поени, 5 скокови и 7 асистенции.

  • Кошарка 27.04.2015 17:37

    Црвена звезда на победа до титулата

    Кога за пехарот се потребни три победи, 2:0 е голема предност, но тоа не значи дека кошаркарите на Црвена звезда веќе можат да се радуваат на првата АБА титула. И Будуќност имаше вакво водство, но Цедевита е таа што обезбеди трето клупско финале и учество во Евролигата.

  • Кошарка 27.04.2015 13:54

    Кливленд и Вашингтон максимално, Далас “преживеа“, а ЛА Клиперс израмни против шампионот

    Екипите на Кливленд и Вашингтон експресно се пласираа во полуфиналето на Источната конференција од НБА лигата. “Коњаниците“ славеа и на второто гостување во Бостон со 101 : 93 и го “збришаа“ најтрофејниот тим во историјата по 4 дуели.

  • Кошарка 23.04.2015 18:12

    Атланта и Антиќ несовладливи дома

    Во трите синоќешни НБА натпревари, највредна  е  победата на шампионот Сан Антонио којшто направи брејк против Клиперс. Затоа пак, Атланта и Перо Антиќ не дозволуваат Бруклин да им ја одземе предноста на домашниот терен во првото плеј - оф коло коешто се игра до четири триумфи.

  • Кошарка 22.04.2015 22:42

    Цедевита ја доби мајсторката

    Цедевита е во Евролига, ќе игра финале против Звезда. Морача е освоена во третиот обид (66:70), падна Будуќност на најсериосниот испит сезонава.

  • Кошарка 21.04.2015 13:51

    Голден Стејт и Чикаго не дозволија брејк

    Голден Стејт и Чикаго максимално ја искористија предноста на домашниот терен во првото НБА плеј - оф коло. Најдобрата екипа од основниот дел од сезоната, Голден Стејт поведе со 2:0 против Њу Орлеанс откако славеше со 97:87.

  • Кошарка 20.04.2015 17:46

    Белградското дерби во сиот „сјај“

    Црвениот гигант ја заврши работата, го чека противникот од мајсторката в среда. Звезда конечно, по 21-на година го сруши Партизан во еден плеј-оф двобој, а Цедевита со втората победа по ред во Загреб се избори за мајсторка во Подгорица, против Будуќност.

  • Кошарка 20.04.2015 14:07

    Антиќ стартуваше во “плеј офот“ со победа, домаќините не дозволија изненадување

    Перо Антиќ постигна 8 поени 3 скокови и 1 асистенција во победата на Атланта над Бруклин со 99 : 92 за почетно водство во серијата до 4 добиени натпревари. Најдобриот тим во Источната конференција поведе со 32 : 20 во првата четвртина и до крајот не дозволи резултатски приклучок.

  • Кошарка 19.04.2015 22:37

    Цедевита израмни, ќе решава мајсторка во Подгорица

    Цедевита и Будуќност ќе играат мајсторка за пласман во финалето на кошаркарската АБА лига. И во денешниот нивни дуел пресуди домашниот паркет, па хрватскиот шампион израмни на 2-2 во серијата подобар до три победи.

Pages