Кошарка

Блог вести

  • Кошарка 02.01.2014 11:57

    Почнува ТОП 16 фазата

    Најдобрите 16 екипи во кошаркарската Евролига денеска ќе го отворат вториот групен сегмент во елитната клупска конкуренција. Во него сите ривали ќе влезат од почетна позиција, што значи дека не се бројат досегашните резултати.

  • Кошарка 01.01.2014 18:05

    18-та победа за Атланта и за Антиќ

    И во преминот од 2013-та во 2014-та, НБА ноќта имаше македонски шмек. Атланта ја оствари 18-тата победа и тоа на гости кај Бостон. Во триумфот од 92:91 Перо Антиќ учествуваше со 22 минути и со по пет поени и скока.

  • Кошарка 30.12.2013 14:04

    Џикиќ најавува подмладување, можна е и натурализација на нови играчи

    Македонската јавност го запозна новиот селектор на кошаркарите. Србинот Александар Џикиќ ги претстави своите идеи, пред и официјално да седне на жешкото столче. За само 4 години, А селекцијата стигна до височините резервирани за ретките видови, за потоа да тресне на земја под прав агол.

  • Кошарка 30.12.2013 12:42

    20 минута за Антиќ во осмиот пораз на Атланта

    Во отсуство на повредениот Хорфорд, македонскиот кошаркар Перо Антиќ втор меч по ред доби солидна НБА минутажа и за 20-те минати на паркетот во Орландо, оствари ефект од по пет поени и скокови. Атланта сепак загуби со 109:102. Афало беше најпрецизен кај домаќините со 21 поен.

  • Кошарка 29.12.2013 17:13

    Антиќ ја спаси Атланта со тројка на три секунди до крајот

    Перо Антиќ ја искористи шансата да одигра значајна ролја во еден НБА триумф на Атланта Хоукс. Најзаслужен е што неговиот тим избегна пораз од Шарлот Бобкетс во регуларното време, за потоа, по дополнителни пет минути да запише втор последовен успех изборен по продолжение. 

  • Кошарка 29.12.2013 17:09

    Утре - промоција на Џикиќ

    Најдобрата машка кошаркарска репрезентација утре официјално ќе го добие новиот селектор. Српскиот стручњак Aлександар џикиќ ќе биде промовиран за предводник на нашиот национален тим.

  • Кошарка 29.12.2013 16:58

    Сеад Шеховиќ, осми странец во МЗТ ?

    Нашиот кошаркарски првак МЗТ Скопје стави крај на 2013 со пораз на гости кај словенечка Олимпија, во 14-то коло од АБА лигата.

  • Кошарка 28.12.2013 15:16

    Во Љубљана за хет – трик

    Кошаркарите на МЗТ Скопје ќе и гостуваат на Унион Олимпија во 14-тото коло од Јадранската лига, прво од вториот дел од сезоната.

  • Кошарка 27.12.2013 14:11

    Победа за Атланта и Антиќ во драмата во Кливленд

    Атланта на македонскиот кошаркар Перо Антиќ победоносно учествуваше во еден од двата драматични меча од вкупно четирите одиграни синоќа во НБА лигата. Дури по две продолженија, Атланта славеше на гости кај Кливленд со 127:125.

  • Кошарка 26.12.2013 13:28

    Антиќ честиташе на македонски!

    Како дел од традицијата, екипите во НБА лигата испратија божикна и новогодишна видео честитка до своите навивачи, а обраќањето на Перо Антиќ беше на македонски јазик:

Pages