Кошарка

Блог вести

  • Кошарка 05.12.2013 12:20

    Седми пораз на МЗТ Скопје Аеродром

    Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа седмиот пораз во осмиот натпревар сезонава во УЛЕБ Еврокупот. Синоќа во салата ’’Борис Трајковски’’ екипата на македонскиот шампион загуби од Банвит со 68:86.

  • Кошарка 05.12.2013 11:37

    Работнички фаворит против Вардар Апаве

    Со натпреварот Работнички-Вардар Апаве во салата „Градски Парк“ во Скопје (17.30 МРТ-1), денеска почнува 10.коло, а со тоа и вториот круг од прволигашката фаза во домашниот кошаркарски шампионат.

  • Кошарка 04.12.2013 15:39

    Детроит пречка за шампионот

    Детроит Пистонс ја прекинаа серијата од десет победи на Мајами Хит и го поразија  шампионот на негов паркет со 107-97. Гостите ја искористија кошмарната ноќ на фавцоритот кој настапи без Двејн Вејд и успеаја да го поправат негативниот скор на 8 победи и 10 порази.

  • Кошарка 04.12.2013 12:24

    Деби на Зоран Мартич на клупата

    Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва го играат натпреварот од 8 -то коло, во рамките на ’’Г’’ групата од УЛЕБ Еврокупот.

  • Кошарка 03.12.2013 13:18

    Данкан и пресуди на Атланта

    Атланта на Перо Антиќ загуби од Сан Антонио со 102-100, со кош на Тим Данкан на четири десетинки до крајот на натпреварот во „Аламо домот“. Не само поради решавачкиот поен, херојот на вечерта лесно се препознава и поради новиот рекорд на Данкан.

  • Кошарка 02.12.2013 15:07

    МЗТ Скопје добива нов кормилар

    Раководството на екипата од Аеродром ја прекина соработката со српскиот стратег Влада Вукоичиќ, на жешкото столче седнува уште еден Словенец.

  • Кошарка 02.12.2013 15:05

    Мајами во низа, Њујорк во криза

    Со исклучок на натпреварот во Лос Анџелес, преостанатите три ноќешни НБА дуели донесоа возбудлива кошарка. Шампионот Мајами се спасуваше од пораз дома против Шарлот. „Жешките“ славеа со 99:98 иако во пресрет на последниот период губеа со 12 разлика.

  • Кошарка 30.11.2013 14:59

    Нов болен пораз

    Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го забележаа шестиот пораз во десеттиот настап во Јадранската лига. Во арената „Борис Трајковски“ победнички одигра Цибона со 93-88 (28-10, 21-25, 16-26, 23-32), иако македонскиот тим оствари убедлива предност од 42-16  во шеснаесеттата минута од средбата.

  • Кошарка 30.11.2013 11:52

    Преку Цибона за пола – пола

    Лани против славниот хрватски тим МЗТ Скопје напиша историја со победа во дебитантската сезона во Јадранската лига. Во тековната спомените не мора многу да значат, но натпреварот со загрепскиот противник и сега е од исклучителна важност.

  • Кошарка 29.11.2013 14:41

    МЗТ со пријатни сеќавања ја очекува Цибона

    Новата сабота носи нова јадранска задача за кошаркарите на МЗТ Скопје. Аеродромци ги очекува втор натпревар од АБА - лигата едноподруго на домашен терен, утре против Цибона, по кој ќе можат да дојдат до 50-процентен биланс во годинашниот настап во регионалната конкуренција.

Pages