• Македонија 20.04.2018 11:15

    Иванов: На регионот му е потребно партнерство во безбедноста

    Вистинскиот збор што му е најпотребен на регионот е партнерство што се постигнува со градење доверба, заради веродостојни податоци, заеднички операции и заштита на информацијата, порача претседателот Иванов, на отворањето на состанокот на директорите на Агенциите за разузнавање од земјите учеснич

  • Македонија 20.04.2018 10:50

    Димитров во посета на Луксембург

    Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, денеска ќе реализира возвратна посета на Луксембург.

  • Македонија 20.04.2018 09:52

    Продолжува судењето за случајот „Тенк“

    Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

  • Македонија 20.04.2018 09:26

    Ново рочиште за случајот „Топлик“ во Кривичен суд

    Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Топлик“ во кој се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште.

  • Македонија 19.04.2018 15:49

    Османи: Очекуваме датум за почеток на преговори со ЕУ

    „Една од најважните придобивки од оваа чиста препорака е дека Македонија се врати на евроинтегративниот пат“, смета вицепремиерот Османи. Според него, реформскиот план се спроведува преку вклученост на сите субјекти во опшеството.

  • Македонија 19.04.2018 15:42

    Можно решение за името до крајот на јуни?!

    Не е невозможно да се најде решение за името до јуни, велат од МНР. По добивањето препорака, Македонија очекува до јуни да се добие зелено светло од Европскиот совет за датум за преговори, но членство во НАТО на самитот во јули.

  • Македонија 19.04.2018 15:06

    ЕУ е потреба за повисок стандард на граѓаните

    Со предложените забелешки, ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа рефомските закони што беа донесени во Собранието. Се водевме од државните и од граѓанските интереси кои за партијата се на прво место, ѝ предочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на шефицата на европската дипломатија Могерини.

  • Македонија 19.04.2018 14:43

    Спасовски: Подготвени сме, иако нема најави за нов мигрантски бран

    Регионалната соработка, добрососедските односи и градењето на доверба помеѓу нас, се клучни елементи за стабилноста на Балканот. Ова пред шефовите на полициите од регионот во Охрид го рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

  • Македонија 19.04.2018 14:05

    Иванов следната недела домаќин на лидерите од Процесот Брдо- Бриони

    Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на 27-ми април во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите-учеснички од Процесот Брдо- Бриони. На состанокот ќе присуствуваат претседателите од земјите во регионот, како и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

  • Македонија 19.04.2018 13:32

    Метео: Максимална температура до 26 степени

    Утре во Македонија ќе преовладува сончево и ветровито време со мала до умерена облачност и со повремено засилен ветер од северен правец.

    Во попладневните часови е можна појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи особено во источните делови.

Pages