• Македонија 04.03.2014 14:30

    Попоски во посета на CERN

    Во рамките на својата посета на Женева, каде е учесник на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права, министерот за надворешни работи Никола Попоски оствари и посета во Европската организација за нуклеарно истражување (CERN), соопштија од Министерството. 
     
  • Македонија 04.03.2014 14:08

    Голема акција во комплекс клиники „Мајка Тереза“

    Во текот на акцијата работниците извршија кроење на крошните на дрвјата,  отстранувајќи ги старите, заболени и исушени гранки, коишто ги нагрдуваат дрвјата, а претставуваат и потинцијална опасност за минувачите, а исекоја и неколку исучени стари дрвја. 

  • Македонија 04.03.2014 14:07

    Започна РобоМак 2014

    На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска официјално беше отворен 5-от Меѓународен натпревар за роботика и вештачка интелигенција „РобоМак“. 
     
  • Македонија 04.03.2014 13:49

    Штипски бизнисмен пронајден мртов

    49-годишниот Горан Даскалов, конфекционер и поранешен член на Советот на општината Штип, е пронајден мртов во неговата викендичка. Даскалов е најден со прострелна рана.
  • Македонија 04.03.2014 13:00

    Министерството за здравство потпиша договор со УНФПА

    Заменик министерот за здравство, м-р Јовица Андовски во Букурешт потпиша договор за соработка за периодот 2014-2015 година со директорката на Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА), Доина Болога.

  • Македонија 04.03.2014 12:26

    Поддршка од ДОМ за Иванов на престојните извори

    Извршниот одбор на ДОМ зазеде став ДОМ да го поддржи Ѓорѓе Иванов за претседател на Република Македонија, предложен од коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ.

  • Македонија 04.03.2014 12:18

    Едукативни предавања за рак во Македонски Брод и во Кочани

    Здружението за борба против рак „БОРКА-за секој нов ден’, во рамките на кампањата за подигање на свеста кај населението од ракот на дојка „ РОЗОВ КАРАВАН 2014“, ќе одржи 2 едукативни предавања за рак на дојка: На  4 март во Македонски Брод во 16 и 30 (во општинската сала).

  • Македонија 04.03.2014 11:37

    МНР изрази загриженост поради украинската криза

    Република Македонија повикува на преземање на сите неопходни мерки за итно смирување на тензиите, како и на потребата од воспоставување политички дијалог за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Украина, а за чие решавање е неопходно инволвирање на сите засегнати страни.

  • Македонија 04.03.2014 10:36

    Македонија во репортажа на Ен-Би-Си „ги збесна“ Грците

    „Од Бразил до Македонија – карневалите запалија разнобојни прослави”, е насловот на фото репортажата на еден од највлијателните светски медиуми „Ен Би Си“ посветена на карневалите ширум светот кои што се одвиваа во овој период.

  • Македонија 04.03.2014 10:30

    Ограбена пошта во скопски Бутел

    Македонски Пошти повторно цел на крадците, овој пат филијалата во скопската населба Бутел. Како на филм, никој ништо не чул и не видел. Откако го зеле пленот, им ја снемало трагата. 

Pages