Лобирање за инвестиции во Македонија

04.12.2013 14:30

Владина делегација предводена од премиерот Груевски е во Париз

Владина делегација предводена од премиерот Груевски е во Париз. Пред француските бизнисмени ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија. Бизнис форумите во Лондон и во француската метропола, се во заедничка организација со Фајненшл тајмс. Според вицепремиерот Ставрески тоа им дава посебна тежина и значење и привлекува потенцијални инвеститори.